Лажен ресторан победи на TripAdvisor

За да докажат дека оценките на TripAdvisor се гола вода, италијански весник измислиле непостоечки ресторан, го пријавиле на сервисот и ја победиле конкуренцијата. 

Да сте барале деновиве место за ручек во градот Монига дел Гарда на TripAdvisor сигурно ќе сте наишле на Ла Скалета, на чиј профил до скоро имало десет одлични критики од исто толку корисници, кои наводно го посетиле. Само толку  лажни коментари биле потребни за системот на филтрирање на сајтот да го прогласи овој ресторан за најдобриот во градот, и да го претрка до тогаш најдобро рангираниот угостителски објект со над 300 критики (најголемиот дел од нив позитивни).

Кога Italia a Tavola самите се јавиле во ТрипАдвајзор за да им кажат што направиле, Ла Скалета одеднаш исчезнала, а откако биле притиснати од сајтот ја дале само следнава изјава:

„Ова е прилично безначаен експеримент за содавање лажни критики и рангирања чија цел е да нè прикажат во лошо светло, но тоа е сосема различно од измамите кои ги гледаме и ги фаќаме на дневна база. Ги знаеме шемите според кои измамниците се обидуваат да ги манипулираат нашите рангирања, и на тој начин ги елиминираме".

Ваквата изјава доаѓа по минатогодишната казна од 500 илјади евра кои сајтот требаше да ги плати на италијанските хотелиери заради лажни критики, кои очигледно не биле ниту фатени, ниту елиминирани.

7 јули 2015 - 14:56