Во ЦЕРН се чудат што вселената воопшто постои

И според важечкиот стандарден модел а и според наодите и мерењата од последната студија на луѓе од ЦЕРН, овој универзум не би требало да постои. А еве го, не само што постои туку и едвај се трпи.

Според стандардниот модел, на почетокот на сè постоеле еднакви количества материја и анти-материја. Да се поништуваа рамномерно како што треба и како што е ред, не би постоело ништо. Ќе се пребиеја ко трговци поединци и чиста работа. 

Истражувачи со години се обидуваат да најдат некое објаснување заради што постои вселенава и ние во неа, но немаат дојдено до убедлив аргумент

„Според сите досегашни мерења, постои симетрија меѓу материјата и анти-материјата во поглед на масата, наелектризираноста и другите фактори, што значи дека универзумот воопшто не би требало да постои“, вели Кристијан Смора, водач на студијата спроведена во ЦЕРН.

„Некои разлики меѓу материјата и анти-материјата мора да постојат, ама ние не можеме да ги најдеме“, вели тој.

Единственото објаснување досега беше дека материјата и анти-материјата имаат поинаков магнетизам, но последново истражување покажало дека тие се идентични и во тој поглед. Имено, студијата на доктор Смора мерела анти-протони и утврдиле дека тие се комплетно идентични со протоните.

Откако магнетизмот се потроши, истражувачите сега си играат со разни идеи, на пример дека анти-материјата има „обратна“ гравитација.

Што сè нема да им текне само за да не го признаат најлогичното:дека ова овде го има направено Господ и после има кренато раце од нас. А не е да му се лутиш на стариот заради тоа.

Една од добрите страни на постоењето на универзумот e што повлеквит постоење на Мис Универзум. Замислете тек тогаш како ќе се зачудеше момата:

 

 

 

24 октомври 2017 - 13:24