Се бара мораториум за дизајнирање бебиња

Водечки светски научнуици и етичари побараа да се воведе мораториум за генетско едитирање на човековиот ДНК, барем додека не се воспостават меѓународни стандарди за оваа технологија и не се одговори на бројните прашања и дилеми поврзани со оваа контроверзна тематика.

„Воведувањето нас генетски модификации во следните генерации би имало трајни и потенцијално многу штетни последици по човековиот вид,“ велат потписниците на апелот од седум земји.

Тие бараат во државите да се воведе воздржаност околу сите клинички тестирања поврзани со генетско едитирање на човековите информации додека не се изготви мѓународна рамка за тоа и не се воспостават правила и принципи на технологијата која може да ја менува суштината на човечкото постоење.

Триесетина земји во светот директно го забрануваат генетскиот инженеринг поврзан со луѓе. Меѓу нив е и Кина па сепак кинескиот научник Хе Јанкуи лани ја шокираше јавноста обелоденувајќи дека модифицирал близначки да бидат отпорни на ХИВ вирусот.

14 март 2019 - 12:36