Науката не мирува: Зошто не постојат троножни животни?

Дилемата се појавува по еден час по еволуција на Универзитетот Калифорнија, Дејвис, кога професорот бара од студентите да смислат „забранет фенотип“, животно или растение кое не постои или не може да постои.

Сега веќе дипломираниот Трејси Томсон по ова прашање доаѓа до - троножно животни, и толку се вдлабочува во темата што пред некое време објавува и есеј околу ова.

Она што дополнително му ја зголемува дилемата е што во природата има голем број случаи на секојдневно користење на екстремитети во тројка, ама ниту еден случај каде некој вид животни е оставен само на тројка.

Тој наведува дека меркатот, користи две нозе и опашка за да стои право, што бара многу помалку напор отколку стоење само на две нозе, а и не мора да има така големи стапала. Или кенгурите кои не можат да се движат како останатите цицачи заради преголемите стапала, го користат опашот за да се туркаат напред.

Кај инсектите, кои имаат 6 нозе, движењето се одвива во тројки: две нозе од едната и една нога од другата страна секогаш се на земја, останатите се во движење.

И, што е проблемот? Па, такви ни се фабричките поставки.

Како што објаснува Томсон ова се должи на тоа што „сите животни се двострани“, и најверојатно „кодот дека сè треба да има две страни е вграден во нашата ДНК уште од најраната еволуција, веројатно уште пред да се развијат нозе или перки, па откако ова обележје на двострана симетрија е вградено, тешко е да се менува“.

3 октомври 2019 - 13:38