НАСА сфати што се случило со водата на Марс

Во однос на атмосфера, Земјата и Марс пред околу 4 милијарди години се речиси на исто ниво. Денес атмосферата на Марс е околу 100 пати потенка отколку на Земјата. Тоа што се случило во овој период во основа се сведува на промаја.

По 1-годишното орбитирање на МАВЕН (Mars Atmosphere and Volatile Evolution Mission) околу Марс, заклучокот на НАСА е дека секојa сончева бура која ќе ја погоди планетата ги соголува нејзините атмосферските честички. Моментално, околу 100 грама воздух протекуваат од атмосферата на Марс во секунда. При соларна бура ова се зголемува за 10 до 20 пати.

За време на соларните бури наплив на честички со полнеж кои се движат со брзина од 1,6 милиони километри на час, го соголуваат Марс од честичките во неговата атмосфера. На овој начин, во период од милиони години, Марс е останат речиси без атмосфера. За разлика од Марс, Земјата успева да ја задржи својата атмосфера благодарејќи на силното магнетно поле, кое не' заштитува од силните ветрови на сончевите бури.

Токму разнесувањето на атмосферата на Марс е она што му претходело на комплетното пресушување на сите водени површини на планетата и добивањето на нејзината денешна пустинска сценографија.

9 ноември 2015 - 11:00