Го знаете вицот за Господ и честичката?

Човекот кој Хигсовиот бозон го нарече "божја честичка" објаснува дека се работело за шала за која мислел дека никогаш нема да пројде.

Физичарите секогаш се мрштат кога ќе слушнат дека субатомската честичка која ја подигна популарноста на нивната наука колоквијално се нарекува божја честичка.

Ваквиот прекар на хигсовото милениче за кое се верува дека на се наоколу му дава маса не одговара на суштината – да, има централизирачко влијание но нема ништо божествено во тоа.

Плус, кумот е атеист.

Во 1993-та, Дик Тереси ја пишува The God Particle: If the Universe Is the Answer, What Is the Question?, заедно со Леон Ледерман, физичар со нобелова награда.

Божјата честичка била напишана како шега, како работен наслов кој Тереси мислел дека нема шанси да помине кај издавачот. Но, ете поминал па дури и Папата (Бенедикт), мораше да се изјаснува по тоа прашање.

Но, вели дека нема баш страшни проблеми со физичарите. Освен со самиот Хигс кого обожава да го потсетува дека единственото нешто што е истоветно погрешно именувано е "хигсовиот бозон" – честичка во чие откривање рамноправно учествувале 6 луѓе а именувана е само по еден од нив.

19 март 2013 - 15:30