Наука

Килограмот се смени (пола грам останува исто)

Од денеска, килограмот не е она што беше до вчера. Од 20 мај 2019 година стапува на сила нова, радикално поинаква дефиниција на оваа мерка од Меѓународниот систем на единици. Макс Планк лајкс дис.   Повеќе

„Ваистина воскресе“ со пресврт

Американски научници дошле до сознание кое внесува нови елементи во контроверзните дилеми околу еутаназијата, продолжувањето на некои политички или естрадни кариери и слично: успеале делумно да оживеат мозок од свиња, неколку часови откако животното било заклано.   Повеќе

Научници дигнаа глас против статистичката значајност

Тројца научници напишаа а 800 потпишаа манифест со кој се бара науката да прeстане да користи едeн од најзлоупотребуваните критериуми во научните истражувања: статистичката (без)значајност. Повеќе

Се бара мораториум за дизајнирање бебиња

Водечки светски научнуици и етичари побараа да се воведе мораториум за генетско едитирање на човековиот ДНК, барем додека не се воспостават меѓународни стандарди за оваа технологија и не се одговори на бројните прашања и дилеми поврзани со оваа контроверзна тематика. Повеќе

Заборавањето бара повеќе напор отколку памтењето

Конкретната категорија е: работи кои намерно сакаш да ги заборавиш, и излегува дека за нив мозокот повеќе се напнува отколку за работи што сакаш да ги запаметиш, ама не смее да се претера. Повеќе

Израелците на Месечината испратија бекап на човештвото

Во првата приватно финансирана мисија за слетување на Месечината Фалкон 9 на Спејсикс успешно го изнесе израелското летало Берешид од Земјата и го испрати кон крајна дестинација. Повеќе

ДНК нобеловецот остана без еполети заради расите

Нобеловецот кој ја откри тајната на ДНК остана без сите свои титули, звања и почести поради неговите заклучоци дека расите се разликуваат по својата интелигенција. „Кој работел со црнци, знае,“ го шокираше светот своевремено Џејмс Вотсон. Кај вакви случаи никогаш не ти е докрај јасно дали научникот просто швркнал на стари години или пак можеби само открил една тајна премногу. Повеќе

Зошто толку од нас сакаа да веруваат во системот за чистење океани што крахираше?

Мултимилионска направа која требаше систематски да го чисти ѓубрето во Пацификот во согласност со очекувањата на експертите се расипа и моментално ја влечат накај Хаваи за поправка. Повеќе

За астронаутите испраќање астронаути на Марс би било глупо

Еден од првите луѓе што ја има обиколено Месечината објаснува дека е глуп планот за испраќање човечка мисија на Марс. Не е против истражување со вселената, само тоа со Марс е глупо. Повеќе

Секс во коли е иднината на автономните возила

Освен што ќе го променат начинот на кој патуваме, работиме и општо стигнуваме од точка А до точка Б, автономните автомобили ќе имаат коренито влијание врз сексот. Повеќе