Земјоделска задруга "Дафт Панк"

Промоцијата на новиот албум на Дафт Панк ќе биде во Австралија, поточно на Саем за земјоделство во Австралија.

На иста локација со натпреварот во скокови за кучиња и косење трева, на 17. мај Дафт Панк ќе имаат концерт со светската промоција на нивниот нов албум Random Access Memories. Ова е првиот албум на дуото од 2005-та.

Според musicfeeds.co.au, Гај Мануел де Хомем Кристо и Том Бангалтер се решиле промоцијата да ја прават во австралиската престолнина на памукот, Ви Ва (популација 2.100 луѓе), заради тоа што биле воодушевени од "телескопот CSIRO Australia и сателитските антени" кои се поставени во негова близина. Се уште нема информација зошто токму саемот е одбран за промоцијата.

За свирката ќе бидат пуштени 4.000 влезници, кои се достапни за продажба од 12-ти април, за сите членови на Ви Ва шоу здружението, веќе се резервирани влезниците.

-----
Продуцентот Тод Едвардс зборува за новиот албум на Дафт Панк

10 април 2013 - 18:28