Најдобрата свирка на која не сме биле

Од брендот, стадионските концерти и мегатурнеите, кај Ролинг Стоунс сè е големо со гигантски размери. Освен кога ќе решат да се загреат на клубска сцена и пред само пар стотина луѓе да ги спраштат своите најдобри песни. Е па, синоќа, во Л.А.

Најавена само ден претходно на Твитер, свирката на Ролинг Стоунс во клубот Екоплекс ќе остане впечена во концертното сиви на среќниците кои беа извлечени со лотарија и за цена од 20 долари добија можност да ги видат легендите одблиску, без да треба да зјапаат во некој стадионски бим. 

Стоунси решија на овој начин да ја тестираат својата работна температура пред да тргнат на новата "50 and counting" турнеја во која ќе отсвират мега концерти во 9 американски града.

Екоплекс е стандарден клуб од Лос Ангелес кој збира 700 луѓе,  картите биле делени фер иако се нашло место и за познати фаци како Џони Деп, Брус Вилис, Скрилес и други. Не може човек да има замера што фаќале врски да ги видат Стоунски на клупска свирка. 

Колку да ни течат лиги, старите отсвиреле јак сет меѓу кои "Midnight Rambler," Start Me Up," "Street Fightin' Man," "You Got Me Rocking," "She's So Cold,", преработки на Отис Рединг ("That's How Strong My Love Is) и Чак Бери ("Little Queenie") а завршиле со "Brown Sugar" и "Jumpin' Jack Flash".

* Колку за историјата: Истовремено (недела навечер, 28-ми април 2013-та) кај нас одеше емисија на Драган Вучиќ во која се бираше Нај-Хурем девојка меѓу Македонките.

29 април 2013 - 11:22