Боно: Музиката стана женскаста

Фронтменот на U2 очекува скорешна револуција и враќање на стариот рокенрол бидејќи во сегашната музичка сцена, за испукување на машкиот гнев остана само хип-хопот. А тоа не е добро.

За Боно во денешната музика има премалку рокенрол и таа е „станата некако женскаста“.

„Во тоа има и некои добри работи но денес хип-хопот е единственото место во кое може да се изрази машки гнев, а тоа не е добро“, вели тој во интервју за Ролинг Стоун.

Вели и дека еден од неговите синови, Илајџа, верува дека се насетува скорешна револуција во музиката а дека и самиот тој мисли дека ваквата доминантно нежна фаза на музиката не може да потрае уште многу долго.

„Кога имав 16, во себе имав многу гнев. Мора да најдеш место за тој гнев и за тие гитари, без разлика дали со тапани или со ритам машина. На крајот на краиштата, што е рокенролот? Гневот е во срцето на тој жанр. Затоа The Who  беа толку голем бенд. Или Прл џем. Еди го има тоа во себе“, вели Боно.

Во интервјуто навестува и дека имал блиска средба со смртта но дека не сака да влегува во детали бидејќи луѓето и онака имаат поголеми проблеми во своите животи отколку да се замараат со можната смрт на своите идоли.

28 декември 2017 - 16:51