Музика

Четворката е новиот албум

По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата Баклава. Јубилеен со своите четири страни, богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење на сосема нова страница. Повеќе

Пипка-трепка на Јутјуб

Загадочен Јутјуб канал постираше и бргу потоа сокри колекција од 75 ретки и необјавени песни на Ролинг стоунс. Потегот најверојатно има врска со европските закони за копирајт по кои правата траат 50 години, ако никаде не се објавени. Повеќе

Австриската филхармонија годинава со нов Радецки марш

Годинешната изведба на една од двете нумери што ги знаете од Новогодишниот концерт ќе биде малку поинаква од вообичаено, откако на Радецки марш му најдоа нацистички врски. Повеќе

Морисеј вс. Гардијан

За време на концертот во Лос Анџелес Морисеј на сцена излегува со маичка (без ракави) на која е испишано „Fuck the Guardian“, објавува Гардијан. Повеќе

10 километри автопат до пеколот

Австралиската музичка легенда БонСкот ќе добие епски трибјут каков што заслужува кога десети километри автопат кај неговиот роден Перт ќе бидат затворени за дузина мини концерти на кои ќе пичат песни на AC/DC. Повеќе

Гластонбери распродаден за 34 минути

За фестивалот во 2020 беа пуштени 135 илјади влезници, и за нешто повеќе од половина час не остана ни една. Повеќе

Џинџер Бејкер ја удри завршната чинела

Џинџер Бејкер беше парадокс: парадигматичен рок тапанар кој инсистираше дека „никогаш не свирел рок“, предок на хеви-металот кој не можеше да го поднесе тој жанр и лондонец кој како никој друг на запад ги имаше впиено африканските ритмички стилови. Повеќе

Еден бој-бенд е одговорен за 4,65 милијарди долари од јужнокорејскиот БДП

Се работи за мега-популарниот к-поп бенд БТС, кој со овие бројки има слична тежина за БДП-то на земјата како брендови од типот на Самсунг, Хјундаи и Киа. Повеќе

60 бисери од Мотаун

60 годишнината од своето постоње, легендарната издавачка куќа Мотаун ја одбележува и со објавување на 60 досега неслушнати песни на нивни музичари. Во колекцијата се песни на Стиви Вондер, Дајана Рос, Мартвин Геј, Темптејшнс, Џексон 5... Ги имаме од Спотифај, колку за тестери. Повеќе

Народ сака пластика, ама не ЦД-а

ЦД-то како медиум никогаш не успеа да создаде емоции кај публиката, и цената за тоа е што веројатно никогаш нема да дочека воскреснување, како она што им се случува на музичките плочи. Повеќе