"Ужасот" што стигна до модната недела

Тинејџерка која цел живот е малтретирана на училиште заради проблеми со акни, завршува како манекенка на њујоршката модна недела, откако објавува едно видео во кое ги објаснува форите за маскирање на својот изглед.

Касандра со шминка

Проблемите на 19-годишната Касандра Баксон од Калифорнија биле до тој степен сериозни што таа престанува да оди на училиште за да го избегне постојаното малтретирање.

Но, по 40-те милиони прегледување на нејзиното видео на ЈуТјуб, во кое објаснува за секојдневните проблеми и дава упатства како може да се сокријат недостатоците, таа добива понуди за работа од повеќе агенции, кои и наоѓаат ангажмани за брендови како Бебе и Ренџ Ровер.

Касандра без шминка

Во видеото таа детално зборува и за својата состојба, проблемите што ги има со кожата и дава чекор по чекор упатства за прикривање на маните. Видеото е снимено во декември 2010-та, од тогаш до денес Касандра тврди дека состојбата и е подобрена за 70%.

Првата ревија на Касандра на Модната недела во Њујорк е за брендот Boy Meets Girl.

13 септември 2012 - 14:52