Тоалетна хартија со многу технологија

Ознаките на производите какви што сме ги навикнале, оние од типот "Отсега со повеќе витамин Ц.... со повеќе волумен... со повеќе млеко..." наскоро би можеле да бидат заменети со ветување: "Отсега со повеќе технологија!"

Една од најзабележливите промоции на угледната технолошка конференција SXSW Interactive во Остин, Тексас била тоалетна хартија.

Ролни насекаде, хартиени бришачи за раце, хаштаг #Letstalkbums", дури и специјален лаунџ бар во кој производителот на хартијата ги прашувал луѓето "По кој наш производ би именувале оперативен систем?"

Зошто еден производител на тоалетна хартија би сакал да е толку видливо присутен на конференција за технолошки иновации? 

Затоа што технологијата е кул.

Многу не-технолошки компании денес се шлепаат на таа идеја. Компании за енергија, за газирани пијачки па ете и за веце хартија се надеваат дека извикувајќи "Иновативно!" би можеле да звучат како Стив Џобс во нивните индустрии. 

И политиката не е поштедена од овој тренд па експертот Френк Лунц ги советуваше Републиканците кога се намамени на на тема климатски промени, да ја сменат дискусијата кон  иновациите и технологијата.

Значи, #Letstalkbums.

11 март 2014 - 10:08