Не е кашмир се што е меко

Карабинерите уапсија 14 луѓе и запленија над милион парчиња облека, затоа што била продавана како кашмир а всушност е направена или содржела крзно од стаорци.

Уапсените по потекло со Кинези кои живеат во Ливорно и Рим, а на целата акција и претходи 1-годишна истрага.

Според судски извори облеката која се продавала како кашмир била комбинација на синтетички влакна, вискоза и "крзно од стаорци и други животни." Во акцијата била запленета и лажна мерино волна, свила и пашмина текстил.

Во целата работа биле вклучени 5 кинески компании од Рим и еден продавач на големо од Фиренца.

5 февруари 2014 - 20:25