Медиуми

Како на странска новинарка ѝ се видел прес на Трамп?

Како на редовен консумент на вести, една австралијанска новинарка мислела дека ѝ се познати сите ексцентричности и стилски лудории на актуелниот американски претседател. Се нашла во САД и решила да види како изгледа една негова прес конференција. После тоа, не знаела од каде да почне. Повеќе

Колапсот на наративот за заговор

Откако успеаа да и ја продадат на Америка заговорничката и привлечна идеја дека првиот човек во Белата куќа е компромитиран странски агент, сега доаѓа моментот кога медиумите треба да се проверат самите себе, порачува Ал Џезира во репортажата околу извештајот на Милер и американските меинстрим медиуми. Повеќе

Би-би-си му плати отштета на Порошенко заради ширење лажни вести

Пакетот е извинување од Би-би-си до украинскиот претседател плус парична отштета, а сето тоа затоа што се залетале и пренеле неточна вест околу Порошенко и Трамп. Повеќе

Гневот на конзервативците стана маркетинг алатка

Два масовно големи американски брендови Котонел (тоалет хартија) и Волмарт неодамна пуштија реклами во кои во главна улога се геј мажи. И ова го имаше очекуваниот ефект - не толку во зголемување на продажба, колку во напнување на конзервативците и целиот добредојден скандал кој следуваше по ова. Повеќе

Ако не сакаш „фејк њуз“, плати за вистински

Како и секоја новинарска мака последнава деценија и на оваа корените и се во Гугл и Фејсбук, поточно во нивните деспотски алгоритми кои со една најмала измена можат да те преплават со посетители или целосно да ти ги секнат истите. Од другата страна на шалтерот ова се одразува како нивна способност да изберат кои вести на кои корисници ќе им бидат послужени, а кои ќе бидат тргнати на страна. Повеќе

Како Трамп победува на прес-конференциите?

Како што одминува првиот мандат на американскиот претседател така прес-конференциите со него (и екипата од Белата куќа) се повеќе добиваат на забавност и возбуда, а се помалку на информативност. Се на се брифингот од Белата куќа е станат спектакл како кечери. Повеќе

Жилет, и проблемот со корпорации што сакаат активизам за профит

Колку што производителот на жилети и опрема за бричење правилно одбра теми на кои да се закачи, толку беше лоша и несмасна изведбата на нивната кампања. Повеќе

Фид, Базфид. Њуз, Фејк Њуз

Во четвртокот Базфид ја објави информацијата што сите ја чекаат повеќе од две години: дека адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, признал пред американските власти дека добил инструкции од Трамп да лаже на сослушувањето пред Конгресот околу наводната соработка на Трамп со Русите. Еден ден подоцна ова беше демантирано лично од човекот кој раководи со истрагата против Трамп. Повеќе

Ширење на колената како руска пропаганда
„Балкански шпиун“ во европско издание:

За феноменот наречен „manspreading“ пишувавме уште во 2015 година, кога едни машки краци во метро невкусно го повредуваа приватниот простор на оскаровката Хелен Мирен. Но, тоа беа наивни цивилни времиња. Сега таков случај, ако го објават Руси, автоматски се означува како инсценирана пропаганда од Кремљ, за да се тензијаши по интернет. Повеќе

Новинарите што изминатава година беа убиени во ЕУ заради истражување корупција

Бугарката Викторија Маринова чие тело беше најдено во парк во Русе е трет новинар од земја членка на ЕУ кој последниве 12 месеци е убиен додека истражувал корупција во ЕУ и проневера на ЕУ фондови. Повеќе