Протест пред CNN заради неизбалансирано известување

Преку 1.000 симпатизери на Берни Сандерс се собраа пред канцелариите на CNN во Лос Ангелес за да го изразат својот револт против маргинализирањето на нивниот кандидат во програмата на телевизиската мрежа која ја нарекуваат Clinton News Netvwork. 

Протестот против "замрачувањето на Берни" се случуваат една недела по уверливата победа на Сандерс во Вашингтон, Хаваи и Аљаска, резултати за кои CNN ги резервираше маргините на својата информативна програма.

Игнорирањето на Сандерс на оваа глобална мрежа е очигледно и продолжува наспроти неговите шест значајни победи по ред. Уште од почетокот на прелиминарната претседателска трка, во центарот на нивното внимание кога се работи за демократскиот блок е Хилари Клинтон.

Не без причина. CNN е во сопственост на Тајм Ворнер, осмиот по големина донатор на кампањата на Хилари.