3 децении вести од светот

САД е клучниот субјект во насловите (и темите) на вестите обработени во светот од 1979-та до 2013-та, и оваа бројка се базира на 43 милиони новости пренесени во овој период.

По САД, на листата на статии за меѓународни работи, се Авганистан, Кина, Иран, Ирак, Израел и Русија, покажуваат бројките на Марк Грем и Стефано Де Сабата од Интернет институтот на Оксфорд.

Двајцата работат на поврзување на локациите споменати во вестите и колку е "силна" (честа) нивната врска. Тоа вака го прават.

Ако се исклучи врската меѓу САД и Русија, и општо САД со останатите држави, најчесто поврзувани држави се Авганистан со Пакистан, а најповрзувани градови биле Сеул и Пјонгјанг. Суб-сахарска Африка е едно од најизолираните места.

Двајцата истражувачи во една претходна анализа на истите податоци, измерија колку вести објавуваат медиумите во секој регион. Тука Азија и Северна Америка имаат речиси сличен број на настани (32,6 милиони vs. 31,6 милиони), меѓутоа клучната разлика е огромна ако се има во предвид дека Азија има 12 пати поголема популација од Северна Америка. (Во питата за Северна Америка, на САД отпаѓаат околу 90% од настаните).

 

Иако генерално има објаснувања за доминантноста на САД во вестите (базата е претежно составена од западни медиуми, пенетрација на интернет, пазарот на медиуми и слично), сепак резултатите на двајцата истражувачи се конзистентни со досегашните анализи на темата.

Бенџамин Хенинг од Универзитетот Оксфорд создаде мапа на светот во која државите се прикажани според тоа колку пати се спомнати во Гардијан во период од 3 години.

 

Алиса Милер, ЦЕО-то на Паблик Радио, во својот настап на ТЕД забележа дека новинските куќи сериозно го намалуваат буџетот за меѓународни вести: "Освен мини бирото од еден човек на ЕјБиСи во Најроби, Њу Делхи и Мумбај, речиси ниту една телевизиска мрежа нема свое биро во Африка, Индија или Јужна Америка, места кои се дом на повеќе од 2 милијарди луѓе."

20 ноември 2013 - 20:23