Медиуми

Како на странска новинарка ѝ се видел прес на Трамп?

Како на редовен консумент на вести, една австралиска новинарка мислела дека ѝ се познати сите ексцентричности и стилски лудории на актуелниот американски претседател. Се нашла во САД и решила да види како изгледа една негова прес-конференција. После тоа, не знаела од каде да почне. Повеќе

Данок на вести, за поздрави вести

Предлогот за решавање на проблемот со финансирање на медиумите (и очајниот недостаток од истото) од група академици е секој навивачки да донира пари на медиумот што најмногу му се допаѓа. И тоа не сопствени пари, туку државни. Повеќе

Распуштање на британскиот парламент, еден ден подоцна

Благодарејќи на една прастара опција во британските закони, на барање на премиерот Џонсон британската кралицата Елизабета Втора го распушти парламентот. Луѓе сега имаат проблем што човек избран од нула луѓе (кралицата), отпушти луѓе кои ги имаат сите гласови на британските гласачи (парламентарците). Повеќе

Би Би Си одамна не е фер

Како јавен сервис, ББЦ има законски и статутарни обврски да биде фер, балансиран и непристрасен. Роберт Еиткен има работено таму 25 години како новинар а откако излезе, ја напиша книгата „Благороден лажливец“. Да, за Би Би Си е книгата Повеќе

Вол стрит журнал има над 20 луѓе што работат на откривање дипфејкс

Екипата е составена за потребите на американските избори 2020, и треба да им помогне на останатите новинари на медиумот да не наседнат на некој потенцијален дипфејк што би се појавил во овој период. Повеќе

Њујорк Тајмс ги укинува политичките карикатури

Утнаа со една карикатура која беше доживена како анти-семитска па решија комплетно да го укинат овој жанр кој го имаат преку еден век. Ако беше така, после оние извештаи за хемиското оружје на Садам, требаше цел дуќан да го затворат. Повеќе

Дизни се изгоре со 400 милиони долари вложени во Вајс

Пред неколку години Вајс успеа да направи страшна приказна околу себе - медиум што младите го следат и читаат, нешто што ги привлече сите поголеми медиумски куќи од кои најголеми мускули покажаа Дизни, инвестирајќи 400 милиони долари во Вајс. Сега Дизни се пишман за парите што ги дале. Повеќе

Зошто Ворен Бафет мисли дека на весниците им нема спас

Еден од најбогатите луѓе на светот и инвестициски пророк, во интервју изјави дека весниците бројат ситно и дека со време треба да се поздравиме со печатениот медиум бидејќи таму нема назад. Повеќе

Како РТ го сними единственото видео од апсењето на Асанж
Не снима убав туку упорен

Асанж со месеци не беше виден во јавност, од недела на недела односите меѓу него и домаќините се влошуваа, минатата недела Викиликс дури и алармираше дека за „часови или денови“ Асанж ќе биде избркан на улица, и сепак ниту еден британски или светски медиум не успеа да направи снимка од апсењето на Асанж сред Лондон. Освен Руптли на РТ. Повеќе

Децата на Кашоги секој месец добиваат рушвет за да не галамат

Освен пари, на четирите деца на убиениот новинар им се дадени и куќи од саудиските власти за да се осигура дека тие „ќе продолжат да покажуваат воздржаност во нивните изјави во јавноста“. Повеќе