Жената на која нема кој да ѝ ги издепилира јајцата

Не се зезајте, ова во Канада се смета за „лендмарк“ судски случај. Лице кое се претставува како жена закажува депилирање на своите интимни делови кај женски козметичарки, ќе дојде кај нив и ќе им ја падне вилицата кога пред очи ќе им ја истопори својата природна опрема која е скроз (1+2) машка. Овие ќе ја напудат од дуќан а таа после им бара отштета.

Канадска транс-џендерка се товари дека ги злоупотребувала законите за човекови права за да добие финансиска надомест откако го изгуби судскиот спор со неколку козметичарки кои одбиле да ѝ ја пружат услугата која ја барала од нив.

Трибуналот за човекови права на Британска Колумбија исто така заклучил дека Џесика Јанив - која се декларира како жена ама има машки гениталии - намерно таргетирала дуќани кои ги држат лица од малцинства за да ги казни за односот на тие малцинства кон ЛГБТ заедницата. И сега треба да им плати по 2.000 долари отштета.

Не биле тоа големи и фенси салони за убавина; Џесика одбирала самостојни работнички кои  работат во мали дуќанчиња, кај себе дома или пак одат по домови за да пружаат козметички услуги. Можеби сме пицајзли во информирањето за случајот, но маљавата барала да ѝ направат „бразилка“.

Откако ќе ја одбиеле бидејќи се женски козметичарки и затоа што, што заради лични, што културни или верски причини, не постои сила да ги натера да претураат по машки полови органи, Џесика праќала писма, објавувала по мрежи и кукала на цел глас повикувајќи се на правилото дека не може да ти биде одбиена услуга врз основа на сексуална идентификација или изразување. Неколку дуќани морале да стават клуч на врата заради негативната репутацијата која им ја нанела.

За козметичарките (главно од азиско потекло) да го добијат случајот помогнало вештачењето на експерт кој го уверил судот дека депилирањето на машките интимни делови е деликатна работа и дека може да дојде до сериозни повреди на клиентот ако лицето кое го изведува тоа нема соодветна обука за конкретниот сет-ап.

Машко ли е, женско ли е, ова требало да го депилираат „таму долу криволачко“: 

 

 

22 јануари 2020 - 16:14