Питерсон го вознемирил работниот колектив на издавачот

Вработените во канадската издавачка куќа на Питерсон се расплакувале поради најавата дека од нивната фирма ќе излезе нова книга на човекот кој ги вознемирува со своите ставови. А штом возрасни луѓе ќе се расплачат, со загриженост настапува „комитетот за диверзитет и инклузија“. Социјалистичкото самоуправување не беше до волку фејк.

Најавата на новата книга на канадскиот клинички психолог Џордан Питерсон предизвикала поплаки меѓу вработените во неговиот издавач, Пингвин Рендом Хаус Канада. Се вика „Уште 12 правила за живот“ и е продолжение на неговиот претходен бестселер.

На средба на оваа тема, некое вработени во Пингвин „плачеле поради ефектот кој тезите на Питерсон имале врз нивните животи“ па направиле канал за комуникација со менаџментот на кој анонимно се жалеле дека се против печатење на нова книга на Питерсон за кого обично се вели дека на некои теми има контроверзни мислења (како да е грев ако нешто е контроверзно).

Менаџментот добил околу 70 негативни мислења од вработени (во социјализмот: работен колектив), при што нивниот „комитет за диверзитет и инклузија“ (во социјализмот: комисија за марксистичка етика) решил дека вредат сериозно да се разгледаат.

Ќерката на Питерсон, Микаела, цинично твитна:

На Питерсон ова не му се случува првпат: лани Кембриџ ја повлече својата понуда да биде визитинг предавач откако студентските снегулки се побунија, во Нов Зеланд неговата прва книга беше повлечена после масакрот на муслимани во Крајстчрч а во Канада не можеше да се најде кино сала расположена да пушти филм за него, со истото бедно објаснување, дека вработените имале проблем со тоа (види: На Џордан Питерсон му се случува „Ругање со Христос“).

А не му се случува само нему: издавачот Хачет се откажа од објавување на мемоарите на Вуди Ален откако вработени театрално ги напуштале канцелариите.

***********

Види и :

Левицата го мрази Питерсон затоа што игра на нивен терен

Смееме ли да го слушаме Мајкл Џексон?

26 ноември 2020 - 22:53