Дејвид Боуви Ќосето

Била вандализирана статуа од Дејвид Боуви, неполни два дена откако била поставена. Прво да се нахранеле сиромашните па после да се дигале споменици (а прво да се нахранеле сиромашните па после бои да се трошеле?). Наравоучение: ајвани можат секакви идиотизми да увалат во име на „праведни“ каузи. 

Неполни 48 часа по поставувањето на првата статуа на Дејвид Боуви во неговата родна земја, вандал/и ја осквернавиле во име на гладните.

Статуата е наречена „Раниот гласник“ и била поставена на плоштадчето Ајлсбери, Бакингемшир, местото на кое легендарниот музичар за првпат го промовираше ликот Зиги Стардаст.

„Прво нахранете ги бездомниците“, напишал некој пред статуата а со остатиокот од спрејот позади напишал „RIP DB“.

Статуата е дизајнирана од Ендрју Синклер, нејзиното обелоденување пригодно го обележал вокалистот на Мерилион, Стив Хогарт а чинела 100.000 фунти кои биле собрани со краудфандинг.

Ене ги бездомниците, полни стомаци.

28 март 2018 - 10:15