Лошо

Златен ориз ќе си имавме

Оризот бил модифициран да содржи витамин А во зрната и така да се спасуваат милиони деца и луѓе кои умираат или ослепуваат од дефицит на овој витамин. Но комбинација на врескава анти-ГМО идеологија и недоречена регулатива ја уби идејата. Повеќе

И богатите умираат, само многу подоцна

Како што вика познатата американска максима, во таа земја само две работи се задолжителни: да се плати данок и да се умре. Ако си богат, ова второто е со одложено дејство. Повеќе

Волкот, дебелиот врат и пет кинески убијци

Трагајќи од старата кинеска мудрост „зошто да убиеш човек за пари, кога можеш да земеш пари и да му платиш на друг да го убие“, пет потенцијални убијци и еден нарачател завршуваат на суд во Кина. Повеќе

Кое дете бре, тоа е лудара од Украина

Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат. Повеќе

Тело - експлозија совршена

Син го предава телото на својата почината мајка на Биолошки центар за истражувања, меѓу другото надеваjќи се дека ќе дознае дали таа го носи генот за Алцхајмер од што страдала последните години. Пет години подоцна дознава. Телото е продадено на војската и дигнато во воздух со експлозија. Видео

Како ли е да си ја видиш својата ампутирана нога на кутија цигари?

Стар Албанец кој живее во Франција видел фотографија од неговата ампутирана нога како предупредувачка фотографија на опаковка од тутун. Ниту дал дозвола за користење на сликата ниту ногата ја изгубил од пушење. Повеќе

Јади, вежбај, јади, вежбај....

Овој едноставен рецепт за стил на живеење е добар начин да се дојде до поубаво тело. И одличен начин да се закачи мускулна дисморфија, пореметување кое зафаќа сè повеќе мажи, во нивната трка и неможност да постигнат „идеално“ тело по кое офкаат. Повеќе

Селфијата станаа посмртоносни од ајкулите

Кога се штракаат со своите смартфони, луѓето го ризикуваат својот живот повеќе отколку кога влегуваат во море/океан во кое има ајкули. Женски се сликаат, дечки гинат. Повеќе

Што знае дете што е ацетон

Сите козметички производи кои се имаат по дома треба да бидат надвор од дофат на децата, онака како што вообичаено се прави со лековите, препорачуваат експерти. Амбалажата на тие производи и нивниот мирис се толку атрактивни и привлечни за деца што тие некогаш тешко одолеваат да не пробаат од новото „смути„ од јагоди, кокос или чоколадо. Повеќе

Пиво, вино, глифосат

Глифосат е нешто за кое СЗО вика, баталете тоа, могуче да прави рак. А во развиени земји се користи толку масовно, што и да не го користите, ќе ви дојде преку дождот. Повеќе