Љубов и секс

Кувајтски лек за хомосексуалност, со драгичка

За лекот:„Тој е чиста наука и нема тука срамење“, вели изумителот, инаку докторка. За драгичката: се работи за чепчиња. Повеќе

Наскоро ќе одите на нотар пред да се залапате

Во Шведска законот за силување ќе се промени така што тужениот ќе мора да докажува невиност. Законот практично се сведува на тоа дека ако не се добие експлицитна вербална потврда или демонстрација (како ли па тоа ќе се дефинира?) за желба за секс, една од страните може да тврди дека е силуван/а. Повеќе

Кориснички коментари на корисници на проституција

Тоа што е најстара професија на светот, не значи дека не може да се апдејтира. Професионалките сега не треба само да ги истрпат клиентите во нивните интимни сесии, туку и подоцна да читаат што за нив пишале овие и како ја оцениле нивната трудољубивост. Повеќе

Марионка, личи на уморна

Иако капнати од работа, Јапонките не се откажуваат од бракот и идејата еден ден да најдат маж и да засноваат семејство. Проблемот е што капнати од работа, уморни се да го бараат. Повеќе

Италијанката што се ожени самата со себе

Со 41 година и пукнат филм од чекање на правиот маж, Италијанката Лаура Меси направи свадба со самата себе, нешто кое стручно се нарекува - сологамија и е подеднакво забрането како полигамија. Повеќе

Колку многу порно е премногу порно?

Без да се навлегува во детали за сите можни демографии, предложеното правило што треба да се следи е: ако можеш да завршиш работа без лаптоп пред тебе, веројатно си ок. Повеќе

Секс ко секс, просечен
50 нијанси онака

Утехата за сите е дека сите сакаат да зборуваат за тој еден или два или пет пати кога направиле некаков подвиг во кревет, а сосема лагодно ги прескокнуваат месеците суша или потпросечните партии што ги имале. Повеќе

Од вас куклите, ние курвите не можеме на ред да дојдеме

Време е да се апдејтираат некои изреки. Јавна куќа од Виена обелодени дека нивната хипер-реалистична секс кукла по популарност и нарачки од клиенти ги надминала сите други нивни - живи - трудбенички. А поскапа е.  Повеќе

Зошто во социјализмот жените имаа подобар секс

Освен сериозни државни инвестиции во образование и обука на жените, великодушно породилно боледување и гарантирана здравствена заштита за мајката и децата, уште еден факт кој се изостава во стереотипите за поранешниот комунистички блок е и тоа дека: жените под комунизмот уживаа во повеќе сексуални задоволства. Повеќе

Зошто порното е опседнато со ниско платени машки професии?

Дали е градинар, дали е водоводџија, чистач на базени, или испорачува пица, заедничко за сите е што има минимална плата и максимум секс на работно место, барем според архетипот врз кој е изградено порното. Повеќе