Дали „убавите круши свињите ги јадат“?

Да речеме дека дека сите се хетеросексуални и во моногамни бракови, дека има ист број на мажи и жени, дека нивната стапка на стапување во брак е иста, дека има ист процент привлечни жени како и мажи, и дека стапката на стапување во брак на привлечните луѓе од секој пол е иста.

Од горнава таблица произлегува следново:

- За секоја привлечна жена која се мажи за привлечен маж, еден привлечен маж се жени со привлечна жена. Оттаму (со оглед на претходните претпоставки), фреквенцијата на привлечни жени кои се мажат со привлечни мажи мора да е еднаква со фреквенцијата на привлечни мажи кои се женат со привлечни жени. Или розево=розево.
- Фреквенцијата на привлечни жени кои се мажат со непривлечни мажи=фреквенција на привлечни мажи кои се женат со непривлечни жени, односно, зелено=сино.

Прашањето значи е: Зошто згодните жени често пати се мажат со мажи кои се далеку понеатрактивни (односно зошто зелено е поголемо од розово), додека згодните мажи често се женат со згодни жени (односно зошто розевото е поголемо од синото?).

Одговорот, секако, е дека едноставно не е така. Зелено=сино. Оттаму, ако зелено е поголемо од розово, тогаш синото е поголемо од розевото.

Тоа исто така значи дека причините лежат некаде во горните, почетни претпоставки:

- Не се сите хетеросексуални или во моногамни бакови (Ова е очигледно вистина. Сепак, полигамните бракови се ретки во западниот свет и оттаму не ги менуваат драстично бројките. Процентот на геј парови е релативно еднаков помеѓу мажите и жените, и исто така не влијае значајно врз бројките)
- Бројот на мажи и жени не е еднаков (ова не е точно)
- Мажите и жените немаат иста стапка на стапување во брак (ова исто така не е точно, затоа што секој хетеросексуален брак подразбира маж и жена, значи стапката мора да е иста)
- Процентот на привлечни мажи=процентот на привлечни жени (ова може а и не мора да е вистина, во зависност од дефиницијата на „привлечно")
- Привлечните мажи и привлечните жени не се мажат/женат со иста стапка. (Ова е слаба поента. За некоја привлечна жена да се омажи за непривлечен маж (зелено) со повисока стапка отколку привлечен маж да се ожени со непривлечна жена (сино), привлечните мажи би требало да се женат со пониска стапка отколку привлечните жени. За да биде забележително, разликата би требало да е прилично голема, а не е).

Со други зборови, или хомосексуалците и полигамните ја расипуваат работата, или привлечните мажи не се женат доволно често, ИЛИ ова е сè во вашата глава и има врска со вашите стандарди на привлечност.

Веројатно е до последното.

10 април 2013 - 14:31