Утеха на денот (ако си дебел и висок)

Група научници, кои свесно одлучуваат дека ова е темата која заслужува да ѝ го посветат своето знаење, открива дека - во сексот сепак е важна големината. Утехата е дека зборат за физичката големина на мажот / жената.

Во студија со над 60.000 хетеросексуални мажи и жени, истражувачите од Чепмен Универзитетот во Калифорнија вадат просек на број на сексуални партнери по различни таргет групи, направени според димензиите на човекот.

Резултатите во неапсолутни бројки се дека многу ниските маж и жени имале помалку секс партнери отколку оние со просечна висина. Сличен бил исходот и меѓу мажите и жените со подпросечна тежина во однос на оние со просечна тежина (во корист на вториве).

Мажите со просечна и екстремна висина имале меѓу една и три секс партнерки повеќе од мажите со подпросечна висина. Што се однесува до тежината кај мажите, просечните и дебелите мажи имале далеку повеќе секс партнери од слабите.

Ова со сексот и дебелите мажи, истражувачите го објаснуваат со тоа дека медицинската класификација на тоа што е дебел, не содејствува со општествената перцепција за тоа што е дебел (според БМИ Мајкл Џордан додека беше во НБА беше во категорија на дебели), заради што мажи кои изгледаат поголеми и помоќни, може да имале повеќе партнери.

2 октомври 2015 - 09:51