50 нијанси онака

Секс ко секс, просечен

Утехата за сите е дека сите сакаат да зборуваат за тој еден или два или пет пати кога направиле некаков подвиг во кревет, а сосема лагодно ги прескокнуваат месеците суша или потпросечните партии што ги имале.

"Никој не оди на Инстаграм за да зборува за просечните, секојдневни работи што им се случуваат. Лесно е да се заборави дека на најголемиот дел од луѓето животот им е обичен и досаден како што мислиме дека нашиот е.

Мислам дека некои луѓе понекогаш имаат одличен секс, ама дури оние меѓу нас што се сексолози и професионалци, и понатаму знаат да имаат просечен, досаден секс," објаснува секс-позитивниот психолог Лиз Пауел.

Поентата тука е иста како и со сè друго што се случува на Инстаграм, Фејсбук и останата друштвена сфера, луѓето ги истакнуваат своите хајлајтси, а го премолчуваат остатокот од животот, во случајов од сексуалниот живот.

"Никој нема добар секс цело време, и обидувањето да имаш секс каков што имаат другите само ќе те направи мизерен. Наместо тоа, би било корисно да се фокусираш на истражување на сопственото тело и утврдување што е тоа што ти одговара," посочува Пауел, објаснувајќи дека нема никаква корист од негативното размислување за самите себе и за сопствениот сексуален живот.

Друг проблем што таа го нагласува е дека ако пред сексот си поставиш некакви цели што треба да бидат постигнати (оргазми, колку партии, будалаштини за памтење...) само се местиш за разочарувачки резултати, "зошто некој би сакал сексот да биде како приемен испит?" Во дополнителната разработка на овој проблем се објаснува дека целата работа станува уште понепријатна ако прво им веруваш на блиските кога се фалат што сè направиле, а потоа и пробуваш тоа да го копираш.

"Не постои објективно феноменален секс. Она што еден човек смета дека е спектакуларно за друг може да е одбивно. Исто така не постои и нешто што е објективно досаден секс," објаснува Пауел.

24 август 2017 - 11:06