Како мозокот ги "прележува" раскинувањата

Тоа што те оставил сам на себе за време на врската, мозокот го надополнува по раскинувањето кога инстантно ги стартува "бекап" системите кои ти помагаат да ја надминеш целата "само на мене ова може да ми се случи затоа што космосот сака да останам сам/а" драма.

Заклучокот од истражувањето на Сент Луис Универзитетот е дека нашиот мозок е фабрички подесен да се справи со прекин на романтична врска и почеток на нова, што значи дека и не е така тешко како што изгледа.

"Нашата анализа на литературата покажува дека имаме механизми во нашиот мозок создадени преку природната селекција кои треба да не' носат низ најпроблематичните периоди од нашиот живот. Ова значи дека луѓето ќе се вратат на свое; и болката ќе исчезне. Сепак има светло на крај од тунелот," објаснува професорот по епидемиологија Брајан Баутвел.

Тие ја анализираат врската меѓу љубовта и раскинувањето. Она што го заклучуваат е дека мажите се екстремно почувствителни на неверност меѓу нивниот партнер и некој друг (далеку повеќе од жените). Додека жените е поверојатно да раскинат по основа на "емоционална прељуба," нешто што го имаат развиено со тек на време.

Во истражувањето тие ја следат и работата на мозокот кај мажи и жени кои "тврдат дека се длабоко заљубени." Тука заклучуваат дека областите од мозокот кои се поврзани со зависности се истите кои реагираат и на чувствата за романтична привлечност. Заради ова и раскинувањето е потресно на исто ниво како преку ноќ да се решиш да се откажеш од некоја зависност.

"Еден од клучните фактори што ги истакнува Баутвел е нашата природна неподготвеност кон моногамија, или идејата за 'сродна душа.' Иако може да се заљубиме во целосна смила, ова не значи дека може да се случи само со еден човек - нашата невролошка способност за справување со романтични промени го цементира верувањето дека политиката на еден партнер не е начинот на кој ние природно сме еволуирале," пишува Шарлот Литон за Дејли бист во анализата на студијата.

30 март 2015 - 10:57