Италијанката што се ожени самата со себе

Со 41 година и пукнат филм од чекање на правиот маж, Италијанката Лаура Меси направи свадба со самата себе, нешто кое стручно се нарекува - сологамија и е подеднакво забрането како полигамија.

Фитнес инструкторката Лаура Меси од Северна Италија, уште пред неколку години си дава ветување на себе (и пред пријателите) дека ако до 40 години не најде сродна душа, сама себе има да се ожени.

Меси наполни 41 и го остварува ветувањето. Та прави свадба во венчаница од 12.000 долари, со околу 70 гости и торта на три ката, по што заминува на меден месец во Египет.

До идејата за правење свадба со самата себе доаѓа откако дознава и почнува да се интересира за "сологамија", на што пак налетува откако минува преку раскинување на 12-годишна врска. Таа објаснува дека нема против некој ден пак да биде во врска со маж, нагласувајќи "мојата среќа не зависи од тоа".

Таа е првата жена во Италија што ги има направено ова. Претходно годинава, во Наполи, еден маж се омажи за самиот себе.

30 септември 2017 - 18:31