Интервју

Ведрана Рудан: Нè сјебаа луѓе во најдобри години

На младите им е неподносливо дека овде цел живот ќе треба работат само за да можат да преживеат додека родителите не им цркнат и после да ја добијат недвижноста што родителите им ја стекнале во социјализмот. Повеќе

Како се прави онакво интервју со Квинси Џонс?
Интервју за интервјуто:

Се разбира, најбитно е да имате некој како Квинси. Плус тој да е спремен да се отвори како него. Но интервју има и втора страна, онаа на новинарот кој го прави. А тој дел некаде не е онаков како што е овде обичај: „Ќе ти пратам прашања на Фејсбук а ти одбери слики кои ти се свиѓаат“. Муабет со Дејвид Марчезе, човекот кој го издејствува фасцинантното интервју кое и најмрзливите ги натера да читаат. Повеќе

Мишо Ковач: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите
Интервју за Офф.нет:

Од кај па сега Мишо Ковач на Офф.нет? Знаете, има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси. Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки. Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач. Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци. Повеќе

Какво интервју со Квинси Џонс!!!
Иако обично сме шкрти со извичници:

Точно е дека вакви наслови не се ставаат. Точно е тоа и за поднасловов што го пишуваме. Ама, најточно во оваа ситуација е дека вакво нешто одамна немате читано. Повеќе

Цане Партибрејкерс: Некултурни сме, затоа сме сиромашни!
Интервју за Офф.нет:

Најдобриот опис за Зоран Костиќ –Цане (1964), водачот на еден од најжестоките српски рокенрол бендови „Партибрејкерси“, го дава тој самиот, во своите стихови. Да се биде ист, посебен, слободен, и само свој. И затоа, кога во ова време на завист, кукавичлук, празни зборови и фолирање, Цане во интервјуто за нас ќе каже „ќе се спасат само оние кои имат љубов во себе“, сфаќаш дека тоа не е знак дека човекот омекнал, туку напротив, дека останал вистински панкер. Повеќе

Војната против тероризмот е највисок облик на колонијализам

Дури и целокупниот ИСИС да се елиминира, социјалните фрустрации, секташките неправди, невработеноста и милитаризацијата ќе продолжат да создаваат тероризам. Војната против тероризмот не само што ги уништи сите изгледи за развој, туку и наметна приоритети кои немаат никаква врска со проблемите на арапските народи, објаснува во интервју Фаваз Трабулси, професорот по историја и политикологија Американскиот универзитет од Бејрут. Повеќе

Боба & Марчелина: Не им веруваме на луѓето кои не знаат да се смеат
Интервју за Офф.нет:

Едната е сериозна и загрижена над сопствената и судбината на светот, пристојна е и интровертна. Другата е неподносливо екстровертна и брбливa. И така, тие две се во константен конфликт. Уште само Ноне им фали... Повеќе

Рамбо Амадеус: Демократијата кај нас е диктатура на глупаци
Интервју за Офф.нет:

„Зборот денес ја изгуби својата тежина. Сите зборуваат на сите страни, а никој ништо не кажува“ вели Рамбо откривајќи дека се обидува да се тргне од таа папазјанија во кругот на блиските и убави луѓе, пријатели и соработници. Тој, отсекогаш наш, Офф човек, порачува и да не се кука што на интернет има куп ѓубре. На крајот на краиштата, никој со сила не те тера да копаш по него. Повеќе

10 прашања што отсекогаш си сакал да му ги поставиш на човек што верува во рамна Земја (и целото лудило од одговори)

Кога ќе почнеш со „Земјата е рамна и околу неа има непробоен прстен од мраз“ речиси и да не постои прашање кое може да те изненади или да те остави без одговор. Повеќе

Алгоритмите веќе се станати злобни
Тим О' Рајли:

Муабет со човекот кој две децении важи за совест на технолошкиот развој и e упорен адвокат на отворените кодови, отворените влади и сè друго што е 'отворено'. Тим О' Рајли ги предупредува своите Американци дека ако не се свестат, ќе мора да се помират дека Кина ќе биде лидер на оваа планета. Повеќе