Eпско интервју со Ноел Галагер

Едвај чекам 2013-та да заврши

"Седев по дома и станував хипохондар" вели Ноел Галагер кој при крајот на годинава проценува дека 2013-та му била тешко срање. За музиката во 2013-та: "Секоја година во која Боуви ќе издаде албум е добра музичка година". Далеку построг кон Лејди Гага, Мајли Сајрус, Arcade Fire....

Општо, каква беше 2013-та за музиката?

Ок беше. Имаше некои згодни песни. Секоја година во која Боуви издал албум е добра година.

Значи Боуви ги оправда твоите очекувања?

Мастерпис. Го обожавам. Никој нема право да биде толку ебено добар во таква точка на кариерата. Освен Нил Јанг, сите други од оваа лига се тешко срање.

На пример кој?

На пример нема шанси да спомнувам имиња. Сите ги знаеме кои се. Но, онаа на Боуви "Valentine's Day" е од оние песни на кои веднаш ја земаш гитарата и си викаш: "Зошто бре идиоту ти не ја напиша оваа песна?" Чиста десетка. Да може, тогаш 11-ка!

Имаше шанси да зборуваш со Боуви?

Јас да зборувам со Боуви? Како би имал шанси да зборувам со него? Да му се јавам ли? И не верувам дека е во Англија. И да дојде, ќе го држат во замок додека не направи концерт.

Што друго ти се допадна од оваа година?

Пола албум на Arctic Monkeys е стварно добар. Другата половина им е: "Ај добро". Ама една половина е стварно добра. И првпат слушав албум од Канје Вест.

Да? Што мислиш за него?

Не сум јас фан на тоа. Не го сакам тој модерен хип-хоп, како ли го викате. Ама некој ми кажа дека гледам едно интервју со него и мислам дека е тоа едно од најдобрите интервјуа кои сум ги видел.

Ќе ти кажам која е добра плоча: Ги слушаше Disclosure?

Да, таа е добра.

Таа е мега! Бев на Гластонбери годинава, по седми пат, одлично беше. Ги слушнав Disclosure во денс халата и беа фасцинантни. Го обожавам тој албум. Одличен олд скул факинг есид хаус.

Што мислиш, зошто нема повеќе гитарски бендови кои брануваат?

Не мислам дека ги има малку. Гитарската музика денес ниту е подобра ниту е полоша од кога било. Само не е истакната. И играта се сврти кон светкавиот урбан поп. Во 90-тите гитарската музика беше главна, сега главни се некои други. Но, ок е тоа.Секој треба да си се најде себе си.

Што мислиш за големиот камбек на Дафт Панк?

Не сум го слушал албумот ниту пак ме интересира. Сè е околу таа една песна, така? Таа има сè во неа. Ја слушаш и си викаш: "Песнава се врти долго или сега првпат ја слушам?" Фасцинантно.

Моите фаворити од годинешниот Гластонбери не се ни Ролинг Стоунс, ни Arctic Monkeys, па ни Disclosure, туку - Chic. Е, тие беа мега! Тотално надвор од овој свет.

Што мислиш за Мајли Сајрус?

Во моментов постои некој тренд, девојките очајно да се трудат да бидат провокативни и демек да "започнат дебата" околу нешто што е старо срање. Жал ми е за нив. Направи добра песна, не прави провокативно видео, повеќе ќе имаш корист од тоа. И Сајрус ги врати сите женски вокали едно 5 години назад. Адел, Емили Санде, таа музика малку е за баби ама има некој кредибилитет. Секој може да шокира, ама дали е тоа добро, дали вреди? Ако слушнам некоја песна и кога ќе одам во канцеларија, пак ја пуштам, тоа е подобро отколку да се шокира, така?

Што мислиш за Лејди Гага?

За мена таа е првиот нејзин албум, бидејќи го сакаа ќерка ми и жена ми. Ништо потоа не сум чул од неа. Таа во моментов веројатно може да се посере на варено јајце, некој тоа да го замрзне и да го прогласи за уметност.

Новиот албум на Arcade Fire?

Не сум го чул. Секој што се враќа со двоен албум, треба да се извади од сопствениот шупак. Ова не се 70-тите, во ред? Кој има време во 2013-та да седи и да слуша сè тоа? Колку арогантни се овие луѓе да веруваат дека некој ќе седи саат и пол и ќе им го слуша двојниот албум?

Слушна ли дека бараат од луѓето да бидат формално облечени на нивните концерти?

Знаеш што е поентата на тоа? Да се одврати вниманието од глупавото диско кое им излегува од звучниците. "Како беше концертот? Не знам ама сите беа облечени вака или вака". Не е тоа за мене.

Знаеш дека Боуви пее пратечки вокали на последната песна на Arcade Fire?

Е, тоа е резил.

Дали твојот нов материјал ќе го издадеш повторно под името High Flying Birds?

Не знам. Може ќе го сменам во "High Flying Birds на Пол Макартни" и да видам дали ќе продадам повеќе влезници во Америка.

6 декември 2013 - 16:29