Во Рим поставија автомат за инстант пица, и сега се случува драма

За тој што решил дека ќе јаде пица од автомат секако нема спас, меѓутоа болката е што автоматот го монтираат во главниот град на светската престолнина на пицата.

Автоматот е на компанијата Мр. Гоу пица, а поставен е на плоштадот Болоња и за меѓу 4,5 и 6 евра ќе ти спреми еден од четирите различни видови пица.

Машината „во живо“ го меси тестото, не е со замрзнати пици, па ги расфрла додатоците што сте ги избрале. Потоа можете преку мало прозорче да го следите печењето на пицата.

Локалците во најдобар случај не се воодушевени од резултатите што излегуваат од автоматот, во најлош се згрозени.

На едни им е ОК ама не е пица, на други им личи ок, ама е помала од онаа во рестораните и има помалку заире на нив. За дел од повозрасните целиот концепт е ужасен, а има и такви кои не сакаат мешање на машините во правењето пица, порачувајќи „мислам дека никогаш не би ни можел да јадам пица направена од машина.“

Тоа што од старт не оди во корист на машината е и што е лоцирана во близина на неколку автентични италијански пицерии.

Иако тесто со нешто од горе во најразлични форми со векови се јадат низ светот, за автор на денешната пица се смета италијанскиот готвач Рафеле Еспозито кој во чест на обединувањето на Италија во 1889 ја составува „Пица Маргарита“.

7 мај 2021 - 11:51