Што има во гумените бонбони?

"100 посто течност. Запаллива течност. НАПАЛМ!" Оваа и слични рецензии кои можат да се најдат на Амазон се далеку поостри од официјалното Харибо предупредување дека бонбоните можат да ви го вознемират мешето.

"Гумените бонбони не содржат шеќер но имаат состојки кои ако се конзумираат во голема количина можат да предизвикаат стомачна вознемиреност", гласи пораката на производителот на гумените бонбони кои добија на популарност особено откако од нив беше изваден шеќерот со што добија аура на прифатлива стрвост.

Корисниците велат друго: "Ова се труби со кои се повикуваат демоните од пеколот', "Ова е стомачна порака од чија гласност не можев да си го слушнам сопствениот глас!".

За ваквите хејтања сепак има добра причина. Таа се вика ликасин, сирупот кој го заменува шеќерот. А ликасинот се состои главно од малтитол, алкохолен шеќер кој не ги оштетува забите но затоа недоволно се апсорбира во стомакот па предизвикува подеуност, гасови, диареа и крчење на стомакот.

Состојката се смета за безбедна за јадење но клинички студии покажале дека возрасни луѓе кои земаат 40 грама ликасин можат да сметаат на стомачни тегоби и проблеми со стоилицата.

Омиленото пакување на Американците е она од 2 килограма.