Последниот оброк на Ентони Бордејн

Што, каде и со кого би јадел фамозниот њујоршки готвач кога би знаел дека тоа е неговиот последен оброк?

Телото е рингишпил, не е храм.
Тони Бордеин

Човекот може да го искористите за разјадување пребирливи деца кога се фемкаат за боранија; само покажете им што сè тој става во уста и притоа знае да ужива во боговски средениот живот во кој патува 250 дена во годината а во остатокот живее во Њујорк со својата сопруга Отавија и нивната ќерка.

Книгата топло ја препорачуваме. Точно знаеме каде сè би го однеле да јаде ако случајно дојде во Македонија, но, додека тоа не се случи, еден интересен прашалник за тоа како би изгледал неговиот последен оброк. 

Кое би било Вашето последно јадење на Земјава?

Печена коскена срцевина, со салата од магдонос и капри, неколку тостирани парчиња багет и добра морска сол.

(еден рецепт за тоа - тука)

Каде би се случувало тоа?

Во ресторанот на хотелот Свети Јован во Лондон, после фајронт.

Што би пиеле?

Во Сент Џон точат перфектен Гинис.

Би имало ли музика?

The Brian Jonestown Massacre и Curtis Mayfield би свиреле во живо, на пристојна оддалеченост.

Кој друг би бил присутен на вечерата?

Со оглед на тоа што би бил соочен со блиска смрт, би одбрал да јадам сам. Ако смеам да се занесувам, тогаш би собрал збирштина луѓе и живи и мртви кои би го направиле муабетот интересен: Греам Грин, Ким Филби, Ава Гарднер, Луис Брукс, Орсон Велс, Мартин Скорсезе, Иги Поп, Габриеле Хамилтон, Мохамед Али и Керол Ломбард.

Кој би ја спремал храната?

Друг. Би сакал тоа да е креаторот на моите омилени верзии на рецепти, Фергус Хендерсон, шеф и партнер во Свети Јован (инаку, познат по тоа што ништо не фрла од животното - наша заб.). Во еден идеален свет, би му асистирале моите пријатели Ерик Риперт, Марио Батали и Ремзи Гордон.

30 септември 2013 - 14:42