А ова е овошјето пред човек да го допре

Она што денес е праска и по сите стандарди е со приближна големина на тениско топче, пред 6.000 години изгледала нешто поголема од денешната цреша. Разликата е што во меѓувреме луѓето почнале да ја одгледуваат.

Во рок од околу 12.000 години (праски сме ги поткачиле тек пред 6.000) се што прават луѓето е во правец на поголеми, повкусни и посочни овошки и зеленчуци.

Истрагата низ овоштарската антика ја прави австралискиот професор по хемија Џејмс Кенеди, кој составува неколку инфографици на темата.

Праска
Прво доаѓа од Кина, и е само делче од денешната големина на праската. Во тоа време има само 3 вида праски, денес се над 200. Содржински, денешната праска е 16 пати поголема, 27% посочна и 4% поблага, плус е значително збогатена со калиум, калциум и цинк.

Лубеница
Според Кенеди, ова е најмалку природното овошје на светот. "Во рок од 5.000 години, лубеницата се раширила од своите 6 оригинални сорти на над 1.200 различни видови." Денешните лубеници се над 100 пати потешки отколку оригиналот, плус имаат 3 пати повеќе шеќер.

Пченка
Кога ја припитомуваат во Мексико и Централна Америка, клас пченка има од 5 до 10 многу тврди зрна, и е далеку помал од денешните. Апгрејдот на пченката следува откако Европејците стигаат до неа. 

17 октомври 2014 - 16:08