Храна

Стариот има нов совет

Од грижа на совест што неговиот прв совет комплетно го игнориравме и ич не го применивме во нашите животи, бевме зарекнати дека ако стариот има и друг совет, тој слепо ќе го слушаме, каков и да е. И види чудо, има! Да видиме што ни се падна. Повеќе

Диета со која ќе ја спасите планетава

Откако со децении килаво проаѓаат сите диети зад кои мотивацијата за слабеење е лична, научниците развиле диета која ветува дека оваа планета ќе може да прехрани 10 милијарди луѓе. Со други зборови, кога ќе сакате да загризете во оној ваш омилен колач, сочно парче месо, пастрмалија или што и да е што вам ви прави лиги, треба да си кажете: „Ама така ќе нема за сите!“. Наука ако не те насмее, кој? Повеќе

Макарони и сирење, без брзање

Костко, еден од најголемите ланци на супермаркети во САД, почна да продава синдикална доза макарони со сирење чиј рок на траење е 20 години. Повеќе

Јадете колку сакате, дебелеењето е хакнато
Немој не ме радуј

Мора да им е убаво на научниците кога мислат на оние кои слепо им веруваат. Бидејќи кога таквите ќе тргнат да ги тепаат зашто биле прелажани, нема да можат да ги стигнат од што се усвињети. Повеќе

Што е разликата кај бројот на Мишелин ѕвезди?

Нормално е да нема ресторан со Мишелин ѕвезда во земја на пилешките прсти и похуваните зденки, земја во која храната се рекламира дека е - на кило. Ни со една, ни со две, а не па со три ѕвезди. Не дека ние без нив не можеме (во Македонија има барем 20-тина места во кои боговски се јаде), ама чисто ларпурлатистички да ја разгледаме темата. Повеќе

Австралија ја снајде секирација

Австралиска компанија со еден свој потег толку ја изнервира тамошната јавност што за темата мораше да се произнесе и австралискиот премиер. Значи вака: кромидот во сендвичот, под или над кoбасицата? Повеќе

Брат за брат, сирење за долг живот

Бидејќи за многумина се приближува „денот на ајварот“, да ја олабавиме и последната евентуална секирација околу тоа: и сирење, слободно. Повеќе

Британското мени добива калории

Велика Британија планира да им наложи на сите ресторани, кафани и објекти за брза храна во своите менија да го наведуваат и точниот износ на калории за секој понуден оброк. Наскоро човек нема да знае да си врзе чевли ако нема инструкции кој е пожелниот начин на врзување чевли. Повеќе

По ново, солта и не била толку лоша

Научна студија рехабилитира еден од трите бели смртни непријатели на човекот (сол, шеќер, бело брашно). Ич сол исто така е штетно по кардиоваскуларниот систем па - според нас - на сила останува старата добра водилка: да посолиш толку колку што треба за да ти е слатко.  Повеќе

Се враќа оригиналното Тоблероне

Речиси две години по најглупавата реформа на светот, оштрбавеното Тоблероне се враќа во оригиналната форма, со сите триаголничиња на број. Само нешто поскапо. Ако.  Повеќе