Филм

Кога е право време за либерални елити да убиваат Републиканци?

Како што изборната машинерија почнува да набива притисок, а масовните убиства во САД се таложат со вонредно темпо, Универзал студио одлучи дека ова може не е време за премиера на нивниот нов хорор „The Hunt“ на тема лов на луѓе. Повеќе

Деценијата на неприкосновена Дизни доминација

Деценијата не само што се уште трае, туку како што покажаа рекордите од Црниот пантер, моментално е во најголемиот ек. Повеќе

Кој си отиде дома со Оскар?

Дел Торо е најдобар режисер и го има најдобриот филм (The Shape of Water), Гери Олдман, непрепознатлив како Винстoн Черчил, е победник кај машките улоги, одличната Френсис МекДорманд зема Оскар за најдобра женска улога, за најдобри споредни ролји прогласени оние на Сем Роквел (цајканот во Три билборди) и Алисон Џени (мајката на Тоња Хардинг). Годинава немаше фрка со пликовите. Водеше Џими Кимел кој рече дека статуетката е пример каков маж му треба на Хoливуд: да ги држи рацете онаму кај што се гледаат и да нема пенис. Повеќе

Нови Ѕвездени војни од луѓето што ја создадоа Игра на тронови

Дејвид Беноф и Д.Б. Вајс кои беа одговорни за создавање на телевизиската верзија од Игра на тронови, ќе пишуваат и продуцираат серија нови филмови за Ѕвездени војни. Повеќе

Ова не е нееднаквост, ова е глупо

Заради веќе добро документираниот расплет на настани околу Кевин Спејси беше одлучено сите негови сцени во All the Money in the World да бидат преснимани и тој да биде заменет со друг актер, Кристофер Пламер. Ова значеше дека и другите актери ќе треба да се вратат на снимање. Меѓу овие што доснимуваа се и Марк Волберг и Мишел Вилијамс, и како што е редот и двајцата треба да добијат пари за тоа. Повеќе

Почна сезоната на лов на Кевин Спејси

Ужасно мешање на педофилија и хомосексуалност; кукавичлук; Кевин Спејси успеа во невозможното, да најде погрешно време за објавување дека е геј; се реакциите на тие што до сега стигнаа да го коментираат извинувањето на Кевин Спејси за обидот за сексуално заведување на 14-годишник, испреплетено со обзнанувањето дека е геј. Повеќе

Кодот на Матрикс е рецепт за суши

Нам ќе ни изгледаше многу пологично ако беше рецепт за сарма. Па гличовите во програмот да ги викавме растурена сарма. Ама па тогаш никој немаше да се двоуми кое апче да го земе. Нормално, она против киселини. Повеќе

Мартин Скорсезе го зашамара Ротен Томатос

Изнервиран од тоа како беше закопан последниот филм на Дарен Аронофски на влијателниот Синемаскор, режисерот порача дека оценувањата кои се денес популарни немаат врска со вистинска филмска критика туку со тоа како се рангираат кујнски апарати. Повеќе

Зошто летово Холивуд издиша?

Првиот рекорд што студијата го срушија годинава е најлоша летна заработувачка во изминатите 10 години; вториот рекорд што го срушија е најлоша заработувачка на Денот на трудот (3-дневен викенд) во последните речиси 20 години. Повеќе

Почина Љубиша Самарџиќ

На 81 годишна возраст, една година по операција на мозокот, почина едно од заштитните лица на југословенската кинематографија. Љубиша Самарџиќ е роден во Скопје, во рударско семејство. Со рударско темпо и снимаше филмови и серии.  Повеќе