Филм

Новиот Авенџерс прави пари без усул

На 11 дена откако почна да се прикажува во кината низ светот, Авенџерс ја мина границата од 2.000.000.000 долари (со букви: две милијарди долари). И ова му нема успеано на ниту еден друг филм во историјата. Па и ретко на што друго му успеало да заработи 2 милијарди на 11 дена по пуштање во оптек. Повеќе

100-те омилени филмови на Куросава

За култниот јапонски режисер, Френсис Форд Копола има кажано: „Она што го разликува Куросава од сите други е што тој нема направено едно или две ремек дела. Тој има направено осум!“ Повеќе

Русите се криви и за Стар Ворс

Илјадници фанови на Ѕвезените војни мислат дека со Последниот Џедај, продуцентите и режисерот ја упропастија нивната омилена филмска франшиза. Продуцентите и режисерот? Не бидете наивни. Повеќе

Глумец не се раѓа, глумец се билда

Некогаш глумата беше правење уметност од занаетот да се нијансира некој карактер. Да се биде денес глумец во Холивуд, за многумина главно значи да се одржува физикусот од чија кондиција и изглед директно зависат следните улоги и пари. Некогаш актерите не можеа да излезат од ликот, денес не можат да излезат од теретана. Повеќе

Отпуштањето на Џејмс Ган му штети на цел Холивуд

Пред околу 10 години режисерот на Чувари на Галаксијата, пишува неколку твитови во кои се „шегува“ со работи како силување и педофилија. Твитовите деновиве повторно се актуелизираат и пред целата работа да стане уште понеподнослива за Дизни, компанијата решава да го отпушти авторот на мега-успешните Чувари на Галаксијата 1 и 2. Повеќе

Како Господар на прстените ќе завршеше како 2-часовен филм

Злотворот кој моментално е на тапет заради своето однесување со сè женско што допрел, своевремено му се заканил на Питер Џексон дека ќе биде сменет од проектот Господар на прстените ако не ја претвори книгата на Толкин во 2-часовен филм. Повеќе

Деценијата на неприкосновена Дизни доминација

Деценијата не само што се уште трае, туку како што покажаа рекордите од Црниот пантер, моментално е во најголемиот ек. Повеќе

Кој си отиде дома со Оскар?

Дел Торо е најдобар режисер и го има најдобриот филм (The Shape of Water), Гери Олдман, непрепознатлив како Винстoн Черчил, е победник кај машките улоги, одличната Френсис МекДорманд зема Оскар за најдобра женска улога, за најдобри споредни ролји прогласени оние на Сем Роквел (цајканот во Три билборди) и Алисон Џени (мајката на Тоња Хардинг). Годинава немаше фрка со пликовите. Водеше Џими Кимел кој рече дека статуетката е пример каков маж му треба на Хoливуд: да ги држи рацете онаму кај што се гледаат и да нема пенис. Повеќе

Нови Ѕвездени војни од луѓето што ја создадоа Игра на тронови

Дејвид Беноф и Д.Б. Вајс кои беа одговорни за создавање на телевизиската верзија од Игра на тронови, ќе пишуваат и продуцираат серија нови филмови за Ѕвездени војни. Повеќе

Ова не е нееднаквост, ова е глупо

Заради веќе добро документираниот расплет на настани околу Кевин Спејси беше одлучено сите негови сцени во All the Money in the World да бидат преснимани и тој да биде заменет со друг актер, Кристофер Пламер. Ова значеше дека и другите актери ќе треба да се вратат на снимање. Меѓу овие што доснимуваа се и Марк Волберг и Мишел Вилијамс, и како што е редот и двајцата треба да добијат пари за тоа. Повеќе