Заврши снимањето на „Старо железо" – краткометражен игран филм во режија на Златко Калеников

„Старо железо" е современа драма која третира секојдневие на едно ромско семејство прикажано од перспективата на едно искрено осумгодишно девојче и нејзините заложби да придонесе во нивниот живот. Филмот е базиран на емотивно доживување кој за основна тема зема еден секојдневен актуелен случај виден во очите на најневиниот набљудувач, детето.

Сценариото и режијата се на Златко Калеников, а авторската екипа ја сочинуваат Дејан Димески – директор на фотографија, сценографија Кирил Спасески, костимографија Жаклина Крстевска, монтажата е на Атанас Георгиев, а кастингот на Катерина Грубач. Продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска.

Главните улоги во "Старо железо" ги толкуваат: Моника Бошковиќ, Бајрам Северџан, Јелена Јованова Периќ, Катина Иванова, Тони Михајловски, Диме Илиев и Предраг Павловски.

Филмот е продуциран од Стримон Филм Скопје и е во копродукција со ФX3X и Сектор Филм.
Старо железо се снимаше на повеќе интересни локации во Скопје, Хидрометеролошки Завод, Керамидница, Центарот на Скопје, Кејот на реката Вардар, Фитнес Центарот Синерџи, Здравствен дом Скопје/ Идадија, Депо на Македонски Железници Скопје итн.

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија. Поддржан е и од Асоцијација Иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје и од Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС. Останати поддржувачи на краткометражниот игран филм се: Пекара Специјал, Кафе бар и ресторан Форца, Горска вода, Вест, Нова Македонија, Тинекс и Академија за Менаџери.

Премиерата на истиот се очекува да биде во септември.

(комерцијален текст)

1 јули 2016 - 13:01