Лорд оф д Рингос

Иако во екот на популарноста пробаа и не успеаја да обезбедат права за филмска верзија на The Lord of the Rings, Битлси сепак ќе имаат барем  посредна врска со делото на Толкин. Преку Питер Џексон кој ќе прави филм за нив. 

Малку е познато дека во 60-тите години, Битлси се обиделе да ги откупат филмските права за The Lord of the Rings при што идејата им било Ленон да биде Голум a Макартни Фродо. Посакувале филмот да го режира Стенли Кјубрик.

По почетните преговори, авторот на делото сепак решил дека не сака Битлси да си играат со неговата приказна па Толкин ги прекинува преговорите.

Како утешна награда сега влетува Питер Џексон, режисерот на популарната епопеја кој во 2001 година конечно ја носи на филмското платно. Тој планира да оживее една од најинтригантните епизоди во постоењето на групата, снимањето на албумот Let it Be, период во кој тие се во креативна зрелост но и односите меѓу нив стануваат тензични.

Темел на приказната на Џексон ќе биде 55 часовен видео материјал кој досега не е виден а е снимен тогаш, во 1969 година.

Режисерот признава дека воопшто не е музички енциклопедист и дека Битлси се веројатно единственото нешто што го познава од популарната музика.  

3 февруари 2019 - 10:56