Џ.К. Роулинг се враќа во светот на Хари Потер

На инсистирање на Ворнер Брос ($$$) Џ.К. Роулинг ќе го има своето сценаристичко деби со филмот "Fantastic Beasts and Where to Find Them," инспириран од истоимениот учебник од Хогвартс. Уште подобро е што ова ќе биде прв филм од серијал.

Роулинг објаснила дека ова нема да биде приквел на Хари Потер, туку само "проширување на светот на магионичарот."

"Законите и обичаите на скриеното магионичарско општество ќе им бидат познати на сите кои ги прочитале Хари Потер книгите или ги гледале филмовите, меѓутоа оваа приказна почнува во Њујорк, седумдесет години пред патешествието на Хари," изјавила Руолинг за Дедлајн.

Пред една година од Ворнер Брос и пристапиле на Роулинг со идејата за правење филм базиран на учебникот, меѓутоа таа не сакала да му го даде ликот на Њут (авторот на учебникот) на друг писател.

"Живејќи толку долго во мојот измислен универзум, се чувствувам доста заштитнички и веќе знам многу за Њут. Како што знаат фановите на Хари Потер, тој лик толку го сакам што неговиот внук, Ролф, го оженив со еден од моите омилени ликови од серијалот Хари Потер, Луна Ловгуд," раскажува Роулинг.

Наместо нивниот предлог, Роулинг излегла со своја идеја пред Ворнер Брос, која овие ја прифатиле. Лани во интервју Роулинг изјави дека би пишувала на темата само ако има некој "прекрасен" концепт.

12 септември 2013 - 17:12