Брак

Игралиштата за деца треба да бидат поопасни (малку)

Учество во ризични активности всушност е многу важно при спречување на повреди, со неверување заклучуваат луѓето кои се занимаваат со детската игра, и недостатокот на истата. Повеќе

Кејт Мидлтон поевтино пројде на породување отколку просечна Американка

Разликата меѓу евтино и поевтино е што ова на Кејт Мидлтон не беше ни најмалку евтино и чинеше 8.900 долари од вечер, а и покрај тоа излезе поевтино од просечната цена што за истото се наплаќа на другата страна од Атлантикот. Повеќе

Истополовиот брак е крајот на ЛГБТ заедницата?

Ново истражување на истополови парови во американската сојузна држава Масачусетс покажува „распространето верување дека откако го стекнале правото на брак (заедницата) има се помалку потреба да се организира за права и прифатеност.“ Повеќе

Дански начин, за дански деца

Експертка за деца од Данска, Џесика Џоел Александар, пишува книга на темата што ја знае „Дански начин на воспитување деца“, со поднаслов „што најсреќните луѓе во светот го знаат за одгледување самоуверени и способни деца.“ Повеќе

Принцезата на зрно пишман

Јапонската принцеза која лани гордо соопшти дека заради својата факултетска љубов се откажува од својот аристократски статус, реши да ја одложи венчавката. Ѝ треба време да размисли. Повеќе

Анти-наталисти, екстремните вегани што мислат дека не треба да имате деца

Станува збор за следбеници на филозофијата дека човечките суштества се деструктивна сила за животинскиот свет на планетава и за самата планета, па затоа е морално погрешно да се креираат нови примероци на луѓе. Како што тие истакнуваат невозможно е фетусите да се прашаат дали сакаат да бидат родени, па имањето дете преставува натурање живот на друго суштество без негова / нејзина согласност. Повеќе

Како полигамијата започнува војни

Наспроти очекувањата што може да ги има човек со наша перспектива не се работи за војни по дома, меѓу двете, трите или колку и да се сопруги, тие живеат во мир и разбирање колку што е тоа можно, се работи за цели регионални вооружени конфликти. Повеќе

Стари хетеросексуалци се венчале заради данок

Старата максима за капитализмот беше дека во тој систем неизбежни се само две работи: да умреш и да платиш данок. Новите општествени ветришта преточени во модерни легислативи донесоа интересен пресврт: може и да не ллатиш данок, само што треба да умреш како геј.  Повеќе

Зошто деца не треба да се ќофтаат со ќотек

Колку што за родителот е очигледна позитивната врската меѓу ќотекот и (барем привремениот) мир во куќа, толку за научниците е очигледна негативната врска меѓу ќотекот и подоцнежното физичко и психичко здравје на децата. Повеќе

Додека ние го бричиме зетот

Холандски свадбарски фотограф прави фотографија од младенци која станува вирална и толку парови решаваат да ја копираат што почнува да ги изместува свадбарските традиции. Повеќе