Зошто деца не треба да се ќофтаат со ќотек

Колку што за родителот е очигледна позитивната врската меѓу ќотекот и (барем привремениот) мир во куќа, толку за научниците е очигледна негативната врска меѓу ќотекот и подоцнежното физичко и психичко здравје на децата.

Ставот „и јас сум јадел ќотек ко мал/а па што ми фали“ до сега е оспорен од Американската академија на педијатри, Конвенцијата на О.Н. за заштита на децата, и меѓу другите, поранешниот претседател на Американската психолошка асоцијација.

Истражувачот Џули Ма, во „екстремно депресивниот журнал Малтретирање и запоставување деца“ објавува дека тепањето деца како мали се поврзува со подоцнежно агресивно однесување. Ма претходно има судија која го поврзува ќотекот од родителите со анти-социјално однесување, анксиозност и депресија.

Последното на темава доаѓа од минатата недела од Журналот за педијатрија, каде истражувачи од Универзитетот во Тексас откриваат поврзаност меѓу ќотекот како дете и насилството во врската како возрасен.

Џејмс Хамблин во Атлантик нагласува дека ова никако не е алиби за однесувањето зад сексуалните скандали што се појавија изминативе месеци, меѓутоа „сепак исто така е јасно дека за да се разбере улогата на насилството во решавањето на конфликтите човек мора да се врати многу, многу наназад.“

„Во ова поле ние се обидуваме да ги идентификуваме сигналите за идна насилност.

Ние знаеме дека ќотекот како дете е поврзан со подоцнежна насилност во врските како возрасен, исто како и сведочењето на насилство меѓу родителите или во околината,“ објаснува Џеф Темпл од Универзитетот Тексас.

Намерата на студијата на Темпл не е „да им кажеме на родителите што да прават“ бидејќи тоа и онака е тешко и стресно, “нашата работа е да им дадеме докази што функционира, и што се случува на долг рок.“

„Плескањето деца е казна, а казните не функционираат. Ова го знаеме од испитување глувци, и ова го знаеме од луѓе. Меѓутоа ако можеш да се поврзеш со детето тогаш ти правиш нешто правилно, и е поверојатно тоа да ти успее во иднина.

Ако детето покаже некоја нервоза и почне да фрла работи, а следниот пат кога ќе има слична нервоза не фрли ништо, кажи му ’мило ми е што ништо не фрли,’“ советува истражувачот од Универзитетот Тексас.

Друг пристап што го препорачува е да му одземеш нешто позитивно на детето. Кај мали деца, тоа би било привремено одземање на играчката. Кај повозрасни деца и тинејџери, тоа би значело одземање на мобилниот. Сето ова е со цел да ги научиш децата да имаат почит „без притоа да ги нарушиш виталните позитивни елементи од односот меѓу родителот и детето.“

„Ако ги научиме децата на здрави врски, тоа можеби ќе разреди некои од ефектите на ќотекот како мали. А  работи како сексуални напади и малтретирање, дефинитивно се случуваат помалку кога учиме на здрави врски - без разлика дали тие биле пријателски, колегијални или романтични. Ова значи дека сите треба да ги учиме на здрави врски, но посебно момчињата. Мислам дека таму лежи клучот,“ објаснува Темпл.

12 декември 2017 - 09:33