Казна што престанува со првата брачна ноќ

Американски судија му наредил на 19-годишен дечко да нема никаков секс, со никого, пред да се ожени. Ова му е дел од казната што силувал малолетничка.

 

Судија од Ајдахо му наложил на младиот Коди Херера да не помислува на секс пред брак. Во спротивно, ќе се врати на основно досудената казна од 5 до 15 години затвор. Во меѓувреме ќе оди и на некаква едногодишна програма за упристојување.

Целибатот на кој е осуден веројатно се должи и на тоа што во текот на судскиот процес за силување 14-годишно девојче 19-годишниот Херера се фалел дека дотогаш имал 35 сексуални партнерки, па знаел што прави со девојчето.

Сепак, уставни професори од истата држава се сомневаат дека ваквата одлука може ефикасно да се спроведува, а ја доведуваат во прашање и самата уставност на казната, со оглед на тоа што со неа судијата задира во основните човекови права на силувачот.

6 февруари 2017 - 14:22