Денот на пребарувачот

Екозија е интернет-пребарувач. Го пребарува интернетот како и сите други машини од тој тип. Само што приходот што попат го генерира од својата основна дејност и донациите, Екозија го наменува за садење дрвја. Досега преку 6 милиони. 

Идејата функционира на стандарден начин. Што помасовно се користи Екозија, толку повеќе приходи има од реклами. А приходите одат за садење. И транспарентни се, со месечни извештаи каде отишле парите. 

Во моментов не гледаме причина зошто Екозија не би станал ваш дифолтен пребарувач.

6 февруари 2017 - 12:59