Вебалици
Октомвриската револуција е „октомвриска“ само затоа што тогаш уште се смета по „стариот“ календар, инаку по денешното броење на деновите се паѓа на 7-ми ноември. Денес е 100 години од Октомвриската револуција, и во таа чест на интернет е поставен „Проект 1917“ или како би изгледала Октомвриската револуција кога од минута во минута би била пренесувана на социјални медиуми, со твитови и фб статуси од Ленин, Троцки, Дан и компанија, снимки од вонредни вести и извештаи од случувањата. Повеќе
Спротивната работа на уредник на вести е модел, вели алгоритамот со кој Њујорк тајмс прави една интересна зезалица за тоа која професија е крајно спротивна на твојата. Ние со над 30 годишно искуство од гледање во огледало можеме само да кажеме - така е! Повеќе
Сервис на Мозила што ти дава да аплодираш фајлови до 1 гига кај нив на сервери, по пат да ги енкриптира и да ти даде линк до тоа што си аплоудирал. Паранојата околу безбедноста и таинственоста на фајлот, освен со енкрипција, се смирува и со тоа што тој може да биде симнат само еднаш, а по симнувањето или максимум 24 часа по аплоудирањето, секоја трага од него автоматски се брише од серверите на Мозила. Повеќе
Каде ќе се најдеш ако ископаш дупка низ Земјата и излезеш на сосема другата страна на планетава. Ако си во Македонија и остатокот од Балканот, од другата страна те чека една недогледна океанска пустелија. Повеќе
Ова е минимумот што треба да го знае секој со тастатура што инсистира да пишува / гуши по интернет. Курсот се однесува на техничкиот дел од работата со вести, како да најдеш, каде да најдеш, како да направиш мапа, правење видеа, дали е вистина или не, и слични. вештини. Има 13 лекции, кои сигурно некој би сакал да ти ги шитне како курс, и сите 13 се гага. Плус на крај полагаш тест, да видиш колку не знаеш. Повеќе
Има животни, има уметност, има природа, има пејзажи, има вода, има крајбрежје, има планина... и може, колку толку, ќе направи разлика. Точно дека не е исто како да си таму, ама па не дека за 1-ви мај ќе дочекаш понуда Тајланд за 30 евра "олинклузив". Повеќе
Не можеш ти да бидеш толку неспособен за цртање колку што Гугл може да те поправи. Сепак, како што се покажа во нашиот случај, можеш. Ама тоа не значи дека нема надеж за вас. Повеќе
Локал-лингвал е интерактивна мапа со амбиција да стане Википедија на јазиците и дијалектите кои се зборуваат по светов. За нецели два месеца од постоењето ја имаат посетено 500.000 луѓе кои имаат оставено 18.000 различни гласови и изговори. Никој, од никоја општина во Македонија. Повеќе
Како дел од Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски, функционира нешто што се вика - Дигитална библиотека на Македонија. Називот е комплетно самообјаснив, одделот работи на дигитализирање на македонските книги и останатите печатени материјали (слики, разгледници, мапи) на тема Македонија. Се што ќе дигитализираат, или во пдф или во јпг, го ставаат кај нив на сајт бесплатно достапно за секого. Повеќе
Екозија е интернет-пребарувач. Го пребарува интернетот како и сите други машини од тој тип. Само што приходот што попат го генерира од својата основна дејност и донациите, Екозија го наменува за садење дрвја. Досега преку 6 милиони. Повеќе
Откако Трамп седна во Белата куќа, главна играчка му станаа извршните наредби, форма со која тој може да нареди што било, без за тоа да треба да се објаснува со кого било. Со ваква погодност на располагање, можностите се бескрајни. Да не се чувствувате запоставени, Трамп ќе ја потпише која било наредба што ќе ви текне. Повеќе
Мада, што ќе зборувате со нас, зборувајте со некој што се разбира во темата, на пример со Порнхаб. Од порносервисот отворија сајт за сексуално образование и здравје, и планот им е да им се најдат на сите свои корисници што имаат нејаснотии околу сексот. Повеќе
Луѓе од универзитетот Пердју изработиле симулатор за тоа каков импакт би имал удар на некој астероид врз Земјата. Притоа, сами треба да решите каде да удри, колкав да биде, од каков материјал да е составено тоа тело и под кој агол и брзина да ѕвизне во планетава. Срам ни е да кажеме што параметри пишавме, изгледа претеравме. Повеќе
Бидејќи имате уште најмалку 10-тина дена во кои најпаметно ви е да седите дома и на топло да си најдете некоја занимација. Повеќе
Внесуваш бенд / музичар што ти прави мерак за слушање, он ти вади цел облак други имиња што би требало да ти легнат на вкусот. Повеќе
Само со отворање на која било страна преку твојот браусер (Фајрфокс, Хром, ИЕ...) може да се дознае: твојата локација, што софтвер користиш, што хардвер користиш, каков интернет имаш и брзина на интернет, на кои сè социјални медиуми си логиран, да ја скенира мрежата на која си закачен за останати уреди. Повеќе
Имате 20 секунди да го нацртате објектот кој ќе ви биде зададен а тоа машинчето треба да погоди односно да ви го признае резултатот. Повеќе
Пример, The Big Short, филмот за хипотекарната криза во САД е 91,4% идентичен со настаните на кои се базира. Кај Bridge of Spies, тоа е и понатаму високи 89,9%. За разлика од нив The Imitation Game, филмот за Алан Туринг ги масакрирано вистините настани. Повеќе
Мрдањето маус никогаш не било порелаксирачко од ова. Некако се ти е раат (колку што може додека седиш пред компјутер и чекаш да дојде 5 саат за да си одиш дома. Повеќе
Не е еден, и не е конкретен, туку лично од тебе зависи. За да почнеш бираш три филма што ти се свиѓале, и врз основа на нив сајтов ти вади список со филмови што би требало да ти се допаѓаат. И најчесто ги гаѓа. Како со тек на време го дополнуваш својот избор, така и сервисот станува подобар во погаѓање на твојот вкус. Повеќе