Мешано

Што значи кога ќе кажат „на Монт Еверест е гужва“
28 Мај 2019

Со 11 смртни случаи до сега, пролетта 2019 е на пат да стане најсмртоносната сезона на Монт Еверест откако луѓе почнаа да го искачуваат врвот. Има неколку причини за ова, како временските услови, и се понеискусните планинари кои решаваат да го качат врвот. Сепак главната е гужвата што годинава се створи за качување на Еверест. Пик на сезоната беше 23 мај, кога над 250 планинари беа на патеката кон врвот. Повеќе

Не брзајте никаде, не живееме во 2019-та
22 Мај 2019

Една супер забавна теорија на заговор (забавна јер не може да се злоупотребува за глупи политики) вели дека сè поголем број научници доаѓаат до ист заклучок: дека ни фалат три века во историјата и дека не живееме во 2019 туку во 1722 година. Повеќе

Римејк на фискалната сметка каков што сите заслужуваме
14 Мај 2019

Една исповед од нас: освен финансовиот, никој не разбира што пишува и како се чита фискална сметка (посебно на оние тесните), кое е прво, која количина си купил, колку е парче, која бројка на што се однесува, зошто толку си купил, како дојде за 3 работи излезе со количка... Изгледа не сме биле единствени кога дизајнери се зафатиле да го решат проблемот. Повеќе

Да си ги видите мртвите
13 Мај 2019

Швајцарско-исландскиот уметник, Кристоф Бушел, доаѓа до потонат рибарски брод, го мкне до Венеција и го изложува на годишното биенале. Што баш тој брод? Ова е истиот рибарски брод кој во 2015-та потона заедно со 800 мигранти тргнати од Либија кон Европа. Повеќе

Настанот што го направи Ајнштајн легенда
22 Април 2019

На 3-ти април 1921 неколку новинари одат да го пречекаат и интервјуираат непознатиот научник по име Алберт Ајнштајн. Кога доаѓаат на пристаништето каде што треба да пристигне бродот на Ајнштајн тие се пресретнати од толпа од илјадници луѓе кои извикуваат пофални слогани. Изненадени од популарноста, и шармирани од неговиот карактер, сторијата за пристигнувањето на Ајнштајн стига до насловните страници на големите весници. И сето ова по грешка. Повеќе

Послушајте гејмери
19 Април 2019

Пред една деценија го играв Каунтер страјк. Секоја игра или победуваш или губиш; не добиваш бодови за искуство, или награди. Мислам дека треба да се запрашаме себе си зошто играме игра. Повеќе

Авокадо принцип
4 Април 2019

Сет Годин сака да помогне со животна лекција базирана на авокадо. Повеќе

Бучни наспроти битни гласови
7 Март 2019

Расипаните системи стануваат само полоши кога ќе ги помешаме бучните гласови со битните. Повеќе

Две цртички за Тито
6 Март 2019

Во однос на САД, не само оваа наша Македонија, туку и онаа Титова Југославија беше мал играч. Па сепак, Тито го примаа во Белата куќа со сите државнички почести, а тој знаеше и пура да им запали во дневна. На нашиве, животен хајлајт им е ако ги викнат на оној божиќен појадок, а после тоа да не ги претресуваат да не украле некоја виљушка. Знаете зошто? Меѓу другото, затоа што за разлика од дипломатскиот гигант Никола Димитров, Тито верувал дека колку и да се мали, секоја земја и народ имаат свои црвени линии. Повеќе

Кога секоја дебата за интервенциите на САД би била за Годзила
27 Февруари 2019

Човек А: Уф, ова во Венецуела ни најмалку не личи на добро.
Човек Б: Да.
Човек А: Сета таа сиромаштија и немири!
Човек Б: Остај, ужасно е.
Човек А: Знаеш што треба да направиме?
Човек Б: Само немој да кажеш дека треба да го пратиме Годзила. Повеќе

Слабо, многу слабо
25 Февруари 2019

Така амбициозно влеговме во годинешните Оскари што на плеќите на минатогодишниот успех надлежниот гатач за Оскари и слични церемонии се осоколи да го предвидува и победникот за најдобар филм. Иако само по себе успех е и што се погодени 10 од 13, крајниот резултат не е ни приближно триумфален како минатогодишните 13 од 13. Повеќе

Каде се нашите а каде финските деца
21 Февруари 2019

Само една фотографија од школски двор во еден фински град зборува многу за тоа како се сфаќа животот, какви се навиките, воспитувањето, здравјето и другите важни работи кои се учат на мали нозе. Повеќе

Како се пие виски (од човек кој живее од тоа)
14 Февруари 2019

Без паника, нема ништо претенциозно како кај виното. Ни барокни описи на вкусовите, ни накинџурени компарации во заносните „приказни од непцето.“ Но, за да се почувствува полниот вкус на оваа огнена вода, сепак постојат неколку едноставни чекори кои не мораат ама можат да се следат. Повеќе

Претседателе, викнете ја онаа вашата
7 Февруари 2019

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов (...typing orgasm) го имавме уште кога се прогласи за Патрон, па кога вежбаше со златна шипка, па кога на дожд полеваше дрце, па кога забрани црни коли.... Сега го имаме како кант-автор јер тој не е човек кој ќе игра како другите му свират, туку људина кој пее како што сам си смислил. Песната е на три јазици (од англискиот дел го разбравме стихот: „Нашите срца пеат песна за љубовта“) а она шилеџено со клавијатура на рамо му е фнук. Повеќе

Помогни му на своето дете да не стане како тебе туку како себе
6 Февруари 2019

Неколку совети (или потсетници) од полски педагог кој три пати одбиваше да си го спаси сопствениот живот. Повеќе

Макавеев и Рамбо
29 Јануари 2019

Двајцата мудреци и заебанти се возат со чамец по Дунав, го откриваат значењето на дигнатите три прста кај Србите, со свирка се отпоздравуваат со другите, рипаат по палуба, расположени, забавни, лабави. Пробавме да замислиме десетина комбинации на македонски музичар и режисер качени вака на чамец. Не оди.    Повеќе

На никој жив денес не му е јасно зошто се запали Јан Палах
28 Јануари 2019

Да се запалеше денес во некој град од западната цивилизација, во најдобар случај ќе го прогласеа за лудак. Ако некому му е јасно што за таа генерација значела слбодата, тој е човек од минатото. Повеќе

Писмото на Тито: Драги мои Југословени, сето ова си го заслуживте
24 Јануари 2019

Будали едни. Швабите и Французите сега ви увалуваат приказна за Европска Унија, а вие голтате сè што ќе ви кажат. Па имавте вие унија посилна од европската, со своја војска, полиција, банки, домашна храна, бесплатно лекување и школство. Сега ќе добиете нивни банки, нивна војска, нивна храна, а од домашно, ќе изедете само говно. Повеќе

Како Мик Џегер нарача омот од Енди Ворхол
24 Јануари 2019

Писмото со кое Мик Џегер му потврдува на Енди Ворхол дека групата сака тој им го изработи дизајнот на омотот на нивниот албум Sticky Fingers. „Еве ти материјали кои можеш да ги користиш, кажи колку пари сакаш и ако сакаш да ме послушаш, не комплицирај“. Повеќе

Стрипот кој 50 години не остаре ни ден
17 Јануари 2019

Оваа година навршува половина век од Алан Форд, стрипот без кој не би требало да помине ни една младост, без разлика во каков медиумски уи технолошки еко-систем живее. Стрип за групата ТНТ која е составена од луѓе кои се составени од мани. Го пишуваше Макс Бункер, го црташе Магнус и веројатно од тоа немаше да испадне ништо посебно ако не преведуваше маестрално разгираниот Ненад Брикси. Тја! Повеќе