Зошто Бугарија и Грција слават Божиќ по "католички календар"?

Најраспространетиот и неточен одговор е дека се имаат откажано од јулијанскиот и се водат по грегоријански календар. Уште се на јулијански, ама на нешто што се води како – новјулијански или ревидиран јулијански календар.

Новојулијанскиот календар е дело на српскиот научник и професор по "небесна механика" на Универзитетот во Белград, Милутин Миланковиќ. Тој успева да ја поништи разликата од 13 денови меѓу двата календари, и да создаде далеку попрецизен календар од грегоријанскиот.

Создавањето на нов календар, помогнало во синхронизирање на православието со реалното броење на времето а притоа да се избегне признавање на календарот на папата Грегориј XIII.

Календарот е изработен во 1923-та, а истата година на сеправославниот собор на чело со тогашниот Вселенски патријарх Мелетиј IV, е усвоен за користење за сите православни цркви. Мал проблем околу ова "сеправославен" е што на средбата на која тој е прифатен учествуваат само Вселенскиот патријарх (инаку Грк од Крит) и Српскиот патријарх.

По ова на новојулијанскиот календар му следува верификација на одлуката од страна на поединечните Синоди на православните цркви. Одредени православни цркви ја спроведуваат верификацијата, други ја одложуваат на одредено време заради "сложени верско-политички околности во нивните земји".

Новиот календар го прифаќаат Александриската, Антиохиската, Грчката, Кипарската, Романската и Бугарската црква. По оригиналниот јулијански календар се уште тераат, Македонската, Српската, Руската и Украинската црква.

Википедија 1 / Википедија 2

7 јануари 2017 - 17:15