Три совети од психотерапевт за преживување на Нова година

Празничната атмосфера е во самиот шпиц и никому не е сеедно: едни се радуваат и едвај чекаат да се докршат вечерта а други најрадо би го преспале периодов и би се разбудиле некаде посл Стара нова, кога атмосферата ќе се врати во нормала. Може е до нас, ама некако ни се чини дека вториве сè повеќе ги има.

Празничната атмосфера секогаш во пакет доаѓа со празнична тага, засилена со сите оние слики на идеални семејства собрани пред елката или на скромна но богата софра, накитени дуќани, новогодишни хитчиња кои се повторуваат до болка, инсистирање на правење завршни сметки на победите и поразите од годината која изминува.

Не е случајно што вакви општи настани знаат да бидат тригер за депри кои и статистиката ги потврдува: за време на празници, луѓето се повеќе склони кон депресија па и кон суицидални мисли.

Психотерапевтот доктор Владимир Ѓуриќ е интересен и разборит зналац. Има објаснувано дека „животот не е црвен тепих“, „за што служи страдањето“ а познат е и неговиот совет за вакцините: „Не мора да ги вакцинирате сите деца... туку само оние кои сакате да ги задржите“.

На тема празнување и Нова година, докторот има три згодни, лапидарни совети:

1. Немојте да банкротирате за да им покажете на луѓето колку многу ги сакате.

2. Не одете да се видите со фамилијата ако тоа негативно ќе влијае на вашето здравје.

3. Ако некој ја коментира вашата телесна тежина, едноставно, изедете го и него.

*****

Види и:

Како да пиете за Нова Година а да не бидете "оној кој се уби"

28 декември 2018 - 14:13