веб класици:

Терористи во Македонија

Двајца терористи од една блискоисточна земја дошле во Македонија со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници."

Сцена од филмот Four Lions кој се занимава со тероризам а топло ви го препорачуваме

Еве како тоа изгледало:

Недела, 20:47

Стигнуваат во Скопје. Го напуштаат скопскиот аеродромот по 8 часа од слетувањето, бидејќи багажот им се изгубил. Нивната авиокомпанија не ја презема одговорноста за багажот а еден аеродромски службеник им предложил на терористите да дојдат утредента, па со малку среќа, можеби...

Седнуваат во такси.

Само со еден поглед во ретровизорот, таксистот сфаќа дека се странци па ноќе ги врти во круг едно саат и пол. Откако терористите не приговориле дури и кога таксиметарот покажал 2.000 денари, таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.

Понеделник, 10:30

Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар. Се упатуваат повторно кон аеродромот но попат се блокирани од некаков протест.

Понеделник, 15:45

Сепак стигнуваат на Петровец, цврсто решени да свртат авион од својата рута и да го срушат врз Собранието на РМ. Но, македонските пилоти и стјуардеси штрајкуваат барајќи поголеми плати а во знак на солидарност, им се придружуваат и луѓето од контролата на летање. Единствениот расположлив авион е оној на албанската компанија која има силни врски со функционери во ДУИ. Во меѓувреме доаѓа делегација од ДПА која сака да лета во Швајцарија. Настанува гужва меѓу нив и персоналот. Во општата тепачка најмногу страдаат двајцата Арапи.

Понеделник, 19:05

Конечно се смируваат страстите, во меѓувреме престанува со штрајкот откако од министерот за сообраќај и врски добиле уверување дека нивните барања сериозно ќе бидат разгледани на некоја наредна седница на Владата. Облиени со крв, терористите доаѓаат до шалтер на кој им продаваат два билета но им премолчуваат дела летот е одложен.

Понеделник, 20:07

Терористите веќе почнуваат да се расправаат дали да продолжат со планот или не. Во текот на дебатата се појавува и прашањето дали уништувањето на Собранието е терористички чин или акт на милосрдие.

Понеделник, 21:00

Изгладнети, решаваат да каснат нешто во аеродромскиот ресторан. Нарачуваат сендвичи со телешка салата.

Вторник, 08:35

Мајонезот бил тотално расипан па завршуваат во Клинички центар каде цела ноќ чекале во ходник некој да ги згрижи. Работата би била готова за неколку дена ако попат не се појавиле сомневања за салмонела.

Недела, 17:20

12 дена подоцна, излегуваат од болница и по мала прошетка доаѓаат до градски стадион. Вардар штотуку изгубил од Шкендија па лутите комити беснеат наоколу. Двајцата Арапи им заличуваат на противнички навивачи и почнуваат ги каменуваат. Водачот на комитите успева и сексуално да ги злоупотреби двајцата терористи.

Недела, 19:45

Навивачите конечно заминуваат а терористите одлучуваат, иако е грев, првпат во животот да се напијат алкохол. Купуваат ракија од пазар. Им увалуваат вештачка лозова, полна со метанол па завршуваат во Градска. Тестирањата покажуваат дека и двајцата се позитивни на ХИВ.

Вторник, 23:42

Двајацата терористи решаваат пешки да заминат на исток, накај дома. Пред да тргнат на долгиот пат, цврсто му се заколнуваат на Алах дека вакво нешто друг пат нема да им падне на памет.

10 јули 2014 - 12:59