Така зборуваше Хокинг

Сум забележал дека дури и луѓе кои сметаат дека сè е предодредено и дека не можат ништо да сторат за да го променат тоа, сепак гледаат лево-десно пред да преминат улица

„Мојата цел е едноставна. Целосно разбирање на универзумот, зошто е онаков каков што е, и зошто воопшто постои“

„Го сметам мозокот за компјутер кој запира со работа кога неговите компоненти откажуваат. Нема рај или задгробен живот за расипаните компјутери; тоа е бајка за луѓе кои се плашат од темница“

„Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку илузијата на знаењето“

„Не само што Бог фрла зарови, туку понекогаш и ги фрла онаму каде што не можеме да ги видиме“

(за научните откритија)
„Не би ги споредил со секс, но траат подолго“

„Сум забележал дека дури и луѓе кои сметаат дека се’ е предодредено, и дека не можат ништо да сторат за да го променат тоа, сепак гледаат лево-десно пред да преминат улица“

„Не заборавајте да гледате кон ѕвездите, а не надолу. Обидете се да го разберете она што го гледате и прашувајте се што е она што прави универзумот да постои. Бидете љубопитни. И колку и да звучи тешко, секогаш има нешто што можете да го направите и да успеете во тоа. Само не треба да се откажете“.

„Животот би бил трагичен да не е смешен“

„Моите очекувања беа сведени на нула кога имав 21 година. Од тогаш сè ми е бонус“

„Луѓето кои се фалат со својот коефициент на интелигенција се лузери“

„Живеам со можноста за рана смрт веќе 49 години. Не се плашам од неа, но не ни брзам да умрам. Многу работа имам до тогаш.“

„Ние сме само напреден вид мајмуни на малецка планета на многу просечна ѕвезда. Но ние можеме да го разбереме космосот. Тоа нèправи многу посебни“.

„За жал Еди (Редмејн, актерот што го глумеше во „Теорија на се“) не е толку згоден колку мене“

14 март 2018 - 15:58